КАФЕ ПАУЗА

Има 5 различни типови мозоци: Еве што вашиот тип на мозок вели за вас

Има 5 различни типови мозоци: Еве што вашиот тип на мозок вели за вас

Дали некогаш сте се запрашале зошто сте толку загрижени или нерасположени? Или зошто сте толку емотивни? Дали некој ви кажал дека сѐ е во вашата глава? Па, во право е, на некој начин. Всушност, сѐ е во вашиот мозок. Врз основа на податоците од најголемата база со информации од снимки на мозоци што се поврзани со однесувањето, дознаваме дека начинот на кој размислуваме, дејствуваме и се однесуваме со другите, зависи од тоа на кој начин ни функционира мозокот.rnrnИма 5 различни типови мозоци: Еве што вашиот тип на мозок вели за васrn

Кој е вашиот тип на мозок?

rnПо проучувањето на повеќе од 150.000 SPECT снимки во една американска клиника, јасно е дека не се сите мозоци исти. SPECT е алатка за снимање мозоци која го мери протокот на крв и активноста на мозокот и покажува области на мозокот со здрава активност, со зголемена активност или со намалена активност.rnrnЦелта првично било да се откријат шеми што ќе помогнат во дијагностицирање и третирање проблеми со менталното здравје, како хиперактивно нарушување, депресија, биполарно нарушување и анксиозност. Но, како што течело проучувањето откриено е дека одредени шеми на функционирање на мозокот одговараат со различни типови личности.rnrnВрз основа на истражувањата, идентификувани се пет основни типови мозоци од што зависи кои сте, како се однесувате и како комуницирате со другите. Ова исто така објаснува зошто давањето иста терапија на сите пациенти со анксиозност, депресија или кој било друг ментален проблем не функционира. Дури и откривањето на правилната исхрана за вас и најделотворните вежби за вашите потреби, зависи од вашиот тип на мозок.rnrnСите овие ставови се изнесени во студијата на д-р Даниел Амен „Сменете го вашиот мозок, сменете го вашиот тип“.rn

Тип 1: Балансиран мозок

rnБалансираниот мозок покажува целосен, речиси симетричен проток на крвта, во најголемиот дел од мозочните сфери.rnrnТип на личност: Ова е еден од најчестите типови мозоци. Ако имате тип на мозок 1, вие најчесто сте фокусирани, флексибилни и емотивно стабилни. Вие сте од оние луѓе што навремено ги завршуваат работите, доаѓаат на закажаните средби, се држат до ветеното и добро се снаоѓаат со животните предизвици. Во суштина, вие не преземате ризици и претпочитате да ги следите правилата.rnrnПрофесионален развој: Личностите од тип 1 најчесто се добри работници, менаџери и проектни координатори во која било област од индустријата.rnrnСтил на учење: Затоа што сте фокусирани и организирани обично добро ви оди во училиштето и на обуките за работа.rnrnВрски: Се стремите добро да се однесувате со другите и имате врски без драматичност.rnrnПотенцијални проблеми: Ако се храните со брза храна, пиете премногу, по цел ден се истегнувате во кревет, поминувате многу часови на социјалните медиуми, може да се здобиете со проблеми со менталното здравје.rnrnПоддржете го вашиот балансиран мозок со здрава храна, редовно вежбање, земајте витамини и омега 3 масни киселини и Витамин Д.rn

Тип 2: Спонтан мозок

rnОвој тип на мозок обично има помала активност во предниот дел од мозокот во областа наречена префронтален кортекс.rnrnТип на личност: Со овој тип на мозок, вие сакате да испробувате нови работи, имате широк опсег на интереси и полесно ви е да ги правите нештата онака како што ќе ве понесе моментот, отколку да имате строг распоред. Размислувате сеопфатно, не верувате во правилата кои се однесуваат на вас и обично доцните на состаноците. Организацијата не е ваша јака страна и преземате ризици, а со тоа може да западнете во неволја.rnrnПрофесионален развој: Спонтаниот мозок е многу чест меѓу претприемачите, луѓето од шоу-бизнисот, политичарите и агентите со недвижнини.rnrnСтил на учење: Овој тип личности лесно се деконцентрираат, се борат со организирањето, па иако можеби сте паметни тешко можете да го покажете вашиот потенцијал.rnrnВрски: Затоа што сакате да внесете возбуда во вашиот живот, можеби имате склоност да драматизирате во вашите врски.rnrnПотенцијални проблеми: Може да стекнете ризично однесување, како прекумерно пиење, земање наркотици или вплеткување во вонбрачни афери. Овој тип личности е склон кон хиперактивно нарушување, депресија и зависност.rnrnПотребно е практикување на животен стил за зголемување на активноста во префронталниот кортекс, како што е високопротеинската исхрана, земањето додатоци во исхраната како зелен чај и женсен, како и кардио вежби.rn

Тип 3: Постојан (издржлив) мозок

rnЛуѓето со овој тип на мозок често имаат зголемена активност во предниот дел од мозокот, во областа наречена преден цингулатен гирус (ПЦГ).rnrnТип на личност: Сакате да ги завршувате работите. Имате силна волја, не сакате да ве одбиваат и сакате да биде по ваше. Напредувате кога влегувате во шема, но излегувате од колосек кога плановите ненадејно ќе се сменат и имате проблем да оставите работите едноставно да се одвиваат. Можеби сте воин кој не може да се ослободи од старите болки и настапувате аргументирано.rnrnПрофесионален развој: Постојаниот мозок е чест меѓу раководителите, проектните менаџери, и веб-инженерите.rnrnСтил на учење: Најдобро учите кога имате различни можности, па сакате да се држите до часовите и обуките кои ви даваат насоки како да го совладате материјалот.rnrnВрски: Прилично сте тврдоглави и се трудите да ја запомните секоја кавга која сте ја имале со партнерот.rnrnПотенцијални проблеми: Може да се окупирате со негативни мисли, што пак може да биде поврзано со анксиозност, депресија и опсесивно-компулсивно нарушување.rnrnТреба да го зголемите нивото на серотонин во мозокот преку внесување здрави јаглехидрати (како сладок компир и хумус), лосос, мисиркино месо, јајца, јатки, семиња, суплементи како шафран и окситриптан, и преку вежби со брз интензитет.rn

Тип 4: Чувствителен мозок

rnОвој тип на мозок има зголемена активност во лимбичкиот систем, емотивните центри на мозокот.rnrnТип на личност: Кога имате чувствителен тип на мозок значи дека имате голема емпатија кон пријателите, семејството, сограѓаните и секое крзнено животно. Може длабоко да ве погоди некоја музика, филмови и други уметнички форми. Насилните филмови, објавите кои шират говор на омраза и вестите се претешки за вас, па презаситувајќи се од нив, автоматски може да ви се појават негативни мисли.rnrnКариерен развој: Овој чувствителен мозок е чест меѓу терапевтите, здравствените работници, социјалните работници и креативците.rnrnСтил на учење: Бидејќи бучните места се премногу за вас, барајте места за учење надвор, каде што ќе можете да учите во тишина со слушалки на ушите. Барајте советници, ментори или професионалци кои ќе ве поддржуваат.rnrnВрски: Поврзани сте со блиските, па лесно може да процените кога на партнерот му треба прегратка или пак простор. Бидејќи сте многу осетливи на надворешни стимулации, понекогаш ви треба време за осамување за да ги наполните батериите, но вашиот партнер може тоа да го сфати лично.rnrnПотенцијални проблеми: Тоа што сте премногу чувствителни може да ве направи подложни на депресија, зависност и нарушувања од типот биполарно нарушување.rnrnСмирете ги емотивните центри во мозокот со здрави масти како авокадо, бадеми, лосос, земајте омега 3 масни киселини, витамин Д и практикувајте физичка активност како танцување или тимски спортови.rn

Тип 5: Претпазлив мозок

rnЗголемената активност на центрите кои предизвикуваат вознемиреност, како базалната ганглија, инсуларниот кортекс, или амигдалата, се среќава кај овој тип мозоци.rnrnТип на личност: Ако имате внимателен тип на мозок, вие често сте анксиозни, што вообичаено ве прави поподготвени. Луѓето од овој тип имаат толку зафатени мозоци, што дури и тешко се релаксираат. Можеби сте склони да го очекувате најлошото и имате страв од неуспех, што ве спречува да ги остварите вашите соништа.rnrnПрофесионален развој: Сакате безбедност и имате аналитички мозок, па се насочувате кон професии како сметководство, истражување и анализа на податоци.rnrnСтил на учење: Подготвени сте да посветите и повеќе време за учење, но и покрај тоа што сте добро подготвени, на тестирањата може и да не ги постигнете очекуваните резултати.rnrnВрски: Имате страв од отфрлање и постојано барате потврда од партнерот за неговата љубов, па тоа може да делува загушувачки за него.rnrnПотенцијални проблеми: Овие личности може да се соочат со анксиозност и зависности.rnrnПомогнете си себеси со тоа што ќе избегнувате кофеин, алкохол и благи работи. Надополнете ја вашата исхрана со магнезиум и Б6, и практикувајте јога за смирување.rnrnОткако научивте нешто ново за себеси, дали сте спремни за еден мал мозочен предизвик? Тестирајте ја брзината на вашиот мозок! Колку облици можете да забележите?