Џесика Меклард е идејниот творец на малите улични шкафчиња во кои можат да се оставаат храна и средства за хигиена во градот Фајетвил, Арканзас, а се наменети за луѓето од соседствата кои се наоѓаат во тешка финансиска состојба.rnrnТаа го забележала големиот успех што го постигнале уличните мини библиотеки за размена на книги и оттаму дошла на идејата да создаде модел за размена на храна и основни средства за хигиена, кои би им послужиле на луѓето од соседствата чијашто финансиска ситуација не е најповолна. Откако Меклард нашла средства да го изгради и постави првото шкафче во близина на локалната црква, идејата наишла на голем успех и одобрување од заедницата. Сега таа има голем број фанови на социјалните мрежи, а малите дрвени шкафчиња никнуваат како „печурки“ и во други градови.rnrnОва е еден прекрасен пример како едноставна идеја може да прерасне во значаен социјален и хуман проект.rnrn
rnrnЕдноставните шкафчиња се претвориле во симбол на сочувство и дарежливост.rnrn
rnrnПрвото шкафче било поставено на 10-ти мај 2016 -та година, во близина на локална црква во Фајетвил.rnrn
rnrnЏесика се изненадила од тоа на колку добар одѕив наишла нејзината идеја. Шкафчињата секој ден се преполни со храна којашто ја оставаат хуманите луѓе.rnrn
rnrnИдејата ја преземаат и во други делови од градот, како и пошироко.rnrn
rnrnПутер од кикирики, пелени за бебиња и средства за хигиена се производите кои секогаш ги има на располагање.rnrn
rnrnКога едно од дрвените шкафчиња било поставено во близина на училиште, тоа освен со храна, почнало да се полни и со училиштен прибор.rnrn
Хумана идеја: Улични шкафчиња за донација на храна и средства за хигиена
