rn
5. Палмино масло
rn
rnrnПалминото масло е најупотребуваното зеленчуково масло во светот. Иако можеби немате шише од маслото, тоа се користи во многу производи како чоколади, Нутела, маргарини и колачиња. Големата побарувачка за ова масло ги уништува шумите во Индонезија и Малезија, земјите каде што се произведува. Уништувањето на шумите за посадување на палми има големо влијание на глобалното затоплување. Некои компании се обидуваат да произведуваат палмино масло кое е добро за околината, па можете да ја проверувате етикетата на производите пред да ги купите.rn
6. Флаширана вода
rn
rnrnГодишно потребни се повеќе од 17 милиони буриња масло за да се произведат пластичните шишиња за вода. Многу од овие шишиња не се рециклираат и завршуваат во океаните. Во голем дел од светот водата се увезува од далеку, и тоа од места кои имаат недостаток од неа. Индустријата за флаширана вода предупредува да се рециклираат празните шишиња, но бидејќи таа не е побезбедна од онаа од чешмата, најдобро е да се откажете од неа.rn
7. Кафе
rn
rnrnДали омилениот пијалак е лош за околината? Во некои случаи, одговорот за жал е да. Ако вашето кафе го купувате од некоја кафетерија, големи се шансите пластичната чаша во која го пиете кафето да заврши во корпата за ѓубре. Покрај ова, производството на кафе бара многу вода. И самото преработување може да биде штетно. Увозот и печењето на кафето само придонесуваат во емисијата на гасови. Исто така производството на поголемиот дел од кафето вклучува и отстранување на многу шуми.rn
8. Шеќер
rn
rnrnСигурно знаете дека не е добро да консумирате премногу шеќер. Но, изгледа дека неговото производство не е добро ни за природата. И шеќерната трска бара многу вода, а ѓубривата кои се користат за неа може да ги загадат околните екосистеми. Исто така, одгледувањето шеќерна трска има голем удел во уништувањето на шумите во Бразил. Можеби подобро е шеќерот да го замените со мед или јаворов сируп.rn
9. Брза храна
rn
rnrnАмбалажите за брза храна многу ретко се рециклираат, а многу од нив не ни завршуваат во корпата за отпадоци. Покрај тоа, некои од овие амбалажи содржат штетни хемикалии кои можат да предизвикаат проблеми со здравјето, со години да стојат во почвата, но и да ја загадат водата за пиење. Исто така, се троши многу енергија за производство на хамбургери и сендвичи со пилешко. Некои синџири за брза храна се обидуваат да бидат попријателски настроени кон природата, па користат органски и локални состојки. Некои пак, нудат и амбалажа која е биоразградива.rnrnПогледнете ја и оваа моќна кампања за заштита на природата.