КАФЕ ПАУЗА

Еден таксист од Њујорк еднаш напиша…

Еден таксист од Њујорк еднаш напиша...

Стигнав на адресата и свирнав со свирката. Откако почекав неколку минути, свирнав повторно. Бидејќи ова требаше да биде моето последно возење за оваа смена, си помислив да си заминам, но наместо тоа, ја паркирав колата, дојдов до вратата и тропнав. „Само момент“, се одѕва болежлив глас на стара особа. Слушав како нешто се влече по подот.rnrnПо долга пауза, вратата се отвори. Малечка женичка во своите 90-ти стоеше пред мене. Таа носеше шарен фустан и мала шапка со превез прикачен на неа, како да беше од некој филм од 40-тите.rnrnЕден таксист од Њујорк еднаш напиша...rnrnДо неа имаше мал најлонски куфер. Станот изгледаше како никој да не живеел таму со години. Мебелот беше покриен со чаршафи.rnrnНемаше часовници на ѕидот, немаше садови и прибор на полиците. Во ќошот имаше картонска кутија, полна со фотографии и некои стаклени предмети.rn
rn

„Ќе ја однесете ли мојата торба до колата?“– праша таа.

rnЈас го земав куферот и го сместив во таксито, а потоа се вратив да ѝ помогнам на жената. Таа ме фати за рака и полека се придвиживме до тротоарот. Таа постојано ми се заблагодаруваше за мојата љубезност.rn
rn

Јас ѝ велев: „Нема за што. Јас само ги третирам моите патници како што сакам да ја третираат мајка ми.“

rn

„Ох, вие сте толку добро момче“, рече таа.

rnКога влеговме во таксито ми даде адреса и ме праша: „Може ли да возите низ центарот на градот?“rn
rn

„Тоа не е најкраткиот пат“, одговорив брзо.

rn

„Ох, не ми пречи. Не брзам. Одам во дом за стари лица.“

rnПогледнав во ретровизорот. Нејзините очи светкаа. „Не ми остана никој од семејството“, таа продолжи со мек глас. „Докторот ми кажа дека не ми преостанува уште многу од животот.“ Јас бесшумно досегнав до таксиметарот и го исклучив.rn
rn

„По кој пат сакате да возам?“ – прашав јас.

rnВо текот на следните два часа се возевме низ градот. Ми ја покажа зградата во која порано работела како управувач со лифтот.rnrnСе возевме низ соседството каде таа и нејзиниот сопруг живееле како млади. Ме натера да застанам пред еден магацин за мебел кој порано бил студио за танцување каде таа одела да танцува кога била девојче.rnrnПонекогаш ми велеше да подзабавам пред некоја зграда или кај некое ќоше и потоа седевме така гледајќи во темница и не кажувајќи ништо.rnrnКако што првиот сончев зрак започна да го прекрива хоризонтот, таа одненадеж рече: „Уморна сум, да си одиме сега.“rnrnВозевме во тишина додека да стигнеме до адресата која ми ја даде. Тоа беше ниска зграда. Како мал санаториум со пат кој минуваше под настрешницата на влезот.rnrnСамо што застанавме двајца болничари дојдоа до таксито. Тие беа грижливи и внимателни, гледајќи го секој нејзин чекор. Сигурно ја очекувале.rnrnГо отворив багажникот, го извадив малиот куфер и го однесов до вратата. Жената веќе беше сместена во инвалидска количка.rn
rn

„Колку ви должам?“ –  праша таа, посегнувајќи по нејзината чанта.

rn

„Николку“ – одговорив.

rn

„Мора да заработувате од нешто за живот“ – таа возврати

rn

„Има други патници“ – ѝ одговорив.

rnСкоро без размислување се наведнав и ја прегрнав. Таа ме стисна цврсто.rn
rn

„Ѝ подаривте мал момент на задоволство на една страна жена“, рече таа. „Ви благодарам.“

rnЈа стиснав нејзината рака и тогаш заминав во замаглената утринска светлина. Зад мене се затвори врата и тоа беше звукот на живот кој згаснува.rnrnДодека бев сè уште на смена, не зедов нови патници. Се возев бесцелно, изгубен во мислите. Во остатокот од денот едвај можев да зборувам. Што ако на жената ѝ се погодеше некој бесен шофер или некој што не може да дочека да му заврши смената? Што ако јас не го преземев повикот за превоз или да свирнев еднаш и потоа да си заминев?rnrnНа прв поглед, не мислам дека направив нешто значајно во животот. Ограничени сме од мислата дека нашите животи се вртат околу големите моменти.rnrnНо, големите моменти често нè фаќаат несвесно – прекрасно замотани во нешто што за другите може да изгледа како мал момент.rn
rn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.