КАФЕ ПАУЗА

Фотографка од Москва го напуштила удобниот живот и сега живее во шума со 100 кучиња

rnrnТаму немало ни струја ни вода, само големо поле со дрва. Дарја и сопругот почнале да градат големи куќи за кучињата. Во зима со скии оделе по месо и гориво за генераторот. Но, најважното било што кучињата биле среќни и не му претставувале проблем на никого. Токму ова бил сонот на Дарја.rnrnФотографка од Москва живее во шума со 100 кучињаrnrnСега Дарја и нејзиниот сопруг имаат над 100 кучиња кои секој ден јадат месо и риба и имаат огромен простор за движење. Некои од нив користат инвалидски колички бидејќи им се оштетени коските, а некои пак сакаат да спијат покрај радијаторот бидејќи се стари. Но сите овие кучиња добиле шанса за живот со семејство што ги сака безусловно.rnrnДарја и нејзиниот сопруг сè уште одат пеш по храна и одат во домовите на нивните пријатели за да се истушираат и да земат дрва за огрев. Исто така треба да се справуваат и со сите медицински процедури што им се потребни на животните. Животните услови на парот не се најдобри бидејќи немаат доволно пари за сè, а приоритет им е удобноста на кучињата.rnrnФотографка од Москва живее во шума со 100 кучињаrnrnФотографка од Москва живее во шума со 100 кучињаrnrnЕднаш Дарја сретнала волонтерка која ѝ кажала дека се грижи за лисици, па Дарја посакала да го прави и тоа. Еден месец подоцна, во засолништето пристигнале и првите лисици. Со ова започнало ново поглавје од животот на Дарја.rnrnФотографка од Москва живее во шума со 100 кучињаrnrnНа овие животни им се потребни посебни услови бидејќи лисиците можат да избегаат и преку најмалата пукнатина. Но благодарение на експертите, се решил и тој проблем. Денес Дарја има и Инстаграм профил на кој објавува за нејзиниот живот со лисиците, како се грижи за нив и одговара на прашањата од следбениците.rnrnНајчесто ѝ биле поставувани две прашања, од кои едното е од каде имаат пари за сè. За среќа Дарја сè уште уредува фотографии, па има неколку клиенти од минатото. Исто така добива помош од нејзините пријатели и други луѓе.rnrnФотографка од Москва живее во шума со 100 кучињаrnrnВторото најчесто прашање било зошто се одлучила на овој живот. За Дарја одговорот е очигледен:rn

„За нивните среќни очи.“

rnФотографка од Москва живее во шума со 100 кучињаrnrnИсто така, Дарја воопшто не сака кога нивниот дом е нарекуван засолниште:rn

„Ние сме семејство. Засолништето е само привремено место за животно што не му е потребно на никој. Сите кучиња се наши. Живееме за нив и тие остануваат со нас до самиот крај, без разлика на сè.“

rnПогледнете и како изгледа животот на жена која родила 44 деца.