КАФЕ ПАУЗА

Крими хороскоп: Каков криминалец е вашиот хороскопски знак?

Крими хороскоп: каков криминалец е вашиот хороскопски знак?

ФБИ води прецизна статистика за сторителите на кривични дела. Каква е поврзаноста меѓу таа статистика и вашиот хороскопски знак?rnrnКрими хороскоп: каков криминалец е вашиот хороскопски знак?rn

Овен

rnСпоред статистиката што ја води ФБИ, Овните поседуваат најмногу оружје. Своите криминални активности ги извршуваат наоружани до заби и по договор, односно другите ги плаќаат за тоа. Најчесто се рекетари, уценувачи или платени убијци.rn

Бик

rnБиковите се вториот знак на листата со најголеми криминални способности. Нив најбитно им е криминалот да им носи многу пари. Сè додека е тоа така, не им е важно дали тоа е перење пари или кражба на луксузни предмети. Најчесто работат сами за да го намалат ризикот од откривање, а од таа причина и не се фалат. Ако ги фатат на дело, тие ќе покажат каење велејќи дека не можеле да одолеат на парите.rn

Близнаци

rnБлизнаците се на самото дно на листата на уапсени, но тоа не значи и дека не се добри криминалци. Тие се родени измамници. Близнаците не се луѓе кои им се закануваат на другите. Нивното оружје се лажните ветувања. Кога ќе ги фатат, се обидуваат да се спасат како знаат и умеат, честопати и со издавање на имињата на своите соработници. Но не треба да ве чуди ако и тогаш излажат.rn

Рак

rnСтатистиката на ФБИ вели дека најмногу криминалци има меѓу родените во овој знак. Склони се на насилство и психички растројства, а најчесто се убијци кои делото го вршат поради одмазда. Тешко го контролираат својот темперамент и се првите кои би го убиле шефот доколку им даде отказ. Делуваат изгубено штом ги фатат, иако и понатаму сметаат дека нивните жртви си го заслужиле тоа.rn

Лав

rnЛавовите се најмалку склони кон криминал меѓу огнените знаци. Ако се вклучат во такви активности, тоа ќе го сторат со големо внимание. Затоа Лавовите важат за опасни и ладнокрвни криминалци. Нема да ја ризикуваат својата слобода поради ситни кривични дела како кражби. Ако веќе влегуваат во криминал, тоа ќе го сторат поради многу пари и слава.rn

Девица

rnПосле Овните, Девиците се оние кои носат најмногу оружје. Склони се кон финансискиот криминал, па затоа честопати се хакери, измамници или провалници. Секогаш прават добри планови, но ако ги фатат брзо го признаваат делото.rn

Вага

rnВагите се најголемите криминалци меѓу воздушните знаци. Непотизмот, корупцијата и наместените тендери се нивна специјалност. Промислени се и лесно ги менаџираат своите соработници, како и луѓето на кои им даваат или од кои земаат мито. Знаат како да ги пуштат своите пипки на сите страни, па поради силните врски знаат да се извлечат дури и ако ги фатат.rn

Скорпија

rnСкорпиите се дури деветти најопасни криминалци на листата на ФБИ, но и покрај тоа водат на листата на платени убијци и криминалци – психопати. Во криминалот влегуваат безмилосно. Повреденото его и љубомората се исто така често причинители на нивните кривични дела.rn

Стрелец

rnТрети се на листата на криминалци, но најчесто ги фаќаат. Учествуваат во измами и грабежи и се доста вешти во тоа. Тие ретко ги повредуваат своите жртви, што говори за тоа дека во криминалот влегуваат исклучиво од финансиски мотиви.rn

Јарец

rnЈарците се сестрани криминалци. Нивната вродена амбициозност ги тера да целат на големи нешта кога влегуваат во криминалните води. Своето место го наоѓаат во финансискиот криминал, а најголем број на уапсени од организиран криминал припаѓаат на овој знак. Користат туѓи услуги за да ги извршат своите криминални дела и знаат добро да ги прикријат трагите.rn

Водолија

rnТие не се големи криминалци. Се наоѓаат дури на единаесеттото место на листата на ФБИ. Најчесто се хакери или водачи на секти кои од своите „верници“ вадат пари. И желбата за одмазда може да ги натера на криминал.rn

Риби

rnТие се најдобрите шверцери во зодијакот. Би шверцувале што било: дрога, цигари, ретки животни или луѓе. Покрај тоа сакаат да се занимаваат и со продавање дрога. Тие се осми најопасни криминалци, а кога ќе одат в затвор се поврзуваат со други и од мали стануваат големи криминалци.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.