Малкумина би биле истрајни и би се вложиле толку многу во подготовките за правење фотографии со силен реален ефект за еден, сепак, имагинарен град.rnШеесетгодишниот Мајкл Пол Смит создава макети на имагинарен град преку спомените од својата младост. Потоа, истите ги вклопува во погодно избрана реална околина и на крајот ги фотографира. Неговите фотографии навистина ја постигнуваат целта, односно успеваат да не вратат во времето и да не однесат на местото.rn.rn
Она што започна како вежба за правење модел на зграда и нејзино фотографирање, заврши како сон, односно реконструкција на градот во кој израснав. Не е тотална реконструкција на градот, но е доловување на моите спомени.
rnФотографиите од имагинарниот град Еглин Парк се уверливи, не само поради тоа што се совршено интегрирани во реалната околина, туку и поради тоа што е прецизно доловен секој детаљ во сцените. Своите модели Мајкл ги поставува на маса и ги надополнува со автомобили и камиони од неговата богата колекција.rnМасата ја поставува во близина на некоја улица или паркинг каде што хоризонтот одлично се вклопува со неговиот модел. Тој исто така прави и вечерни слики од градот, кои ги изведува во неговиот дом, само со едноставно светлосно подесување. Тој може дури и да ги менува временските услови и годишните времиња, правејќи влажни улици, дожд, па дури и снег од сода бикарбона.

