Филмски парови кои обожаваме да ги гледаме заедно на големото платно

Сподели

Сандра Булок и Кијану Ривс

rnЗаеднички филмови: „Брзина“ (Speed) и „Куќата на езерото“ (The Lake House)

Реклама

Наш фаворит е дефинитивно нивниот заеднички филм „Куќата на езерото“, бидејќи по кој знае кој пат нè убедува дека љубовта навистина не знае за препреки. Не живееме во исто време? Мала ситница.

rn

Реклама

Ен Хатавеј и Џејк Гиленхал

rnЗаеднички филмови: „Планината Броукбек“ (Brokeback Mountain) и „Љубов и други дроги“ (Love & Other Drugs)

Таа е убава, тој е згоден, но секако, тоа не е единствениот критериум поради кој сакаме да ги гледаме заедно. Сепак, веруваме дека и самите понекогаш ги оценувате филмовите само врз основа на главните актери. Признајте, не сме единствени!

rn

Реклама

Рејчел Мекадамс и Овен Вилсон

rnЗаеднички филмови: „Расипувачи на венчавки“ (Wedding Crаshers) и „Полноќ во Париз“ (Midnight in Paris)

Иако нема конкуренција на „Бележникот“, сепак Рајан и Рејчел се еден од најсовршените филмски парови. Но, бидејќи Рајан сепак мора да ѝ го препуштиме на Ема, тогаш Рејчел нека биде среќна со Овен. И тие како пар се така слатки, зарем не?

rn

Џенифер Лопез и Бен Афлек

rnЗаеднички филмови: „Гигли“ (Gigli) и „Девојка од Џерси“ (Jersey Girl)

Првиот филм се смета за еден од најлошите комедии некогаш направени, додека пак во вториот Џенифер и Бен одвај и да се сретнуваат, бидејќи таа умира на породувањето. Но, затоа е тука нејзиниот спот за песната „Jenny From the Block“ кој е нивниот најдобар заеднички „филм“!

rn

Кејт Хадсон и Метју Меконахи

rnЗаеднички филмови: „Како да изгубите дечко за 10 дена“ (How to Lose a Guy in 10 Days) и „Златото на будалата“ (Fool’s Gold)

Кејт и Метју се уште еден филмски пар за кој е навистина штета што не се заедно и во вистинскиот живот. На филмското платно тие се создадени како еден за друг. Токму поради тоа ги сакаме нивните шашави, а толку љубовни филмови!

rn

Анџелина Џоли и Бред Пит

rnЗаеднички филмови: „Господин и госпоѓа Смит“ (Mr. and Mrs. Smith) и „Покрај морето“ (By The Sea)

Исто како вам, така и нам разделбата на овој пар и понатаму ни е слаба точка која никако не ја преболуваме. Но, кога ќе ве фати носталгијата за среќните времиња, само погледнете нивен заеднички филм и сѐ ќе биде како претходно…

Најново

Може ќе ве интересира