Корисникот на Јутјуб FarlyTeem направил интересна 8-минутна компилација од импресивните трикови на видео артистот Зак Кинг, кој ја користи техниката брз рез за своите многу куси видеа на Vine. Триковите се брзи и динамично се менуваат од еден во друг, па нема ни да забележите кога минало времето. Тој „магично“ извлекува предмети од компјутерскиот екран, влегува на возачкото седиште низ затворена врата и претвора вода во мраз со едноставно претурање од една во друга чаша. Уживајте во „магичната“ компилација.rnrnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn
