КАФЕ ПАУЗА

Факти за смртта кои никогаш не сте ги слушнале!

0fakti-za-smrtta-koi-nikogash-ne-ste-gi-sl

Смртта е истовремено и депресивна и фасцинантна. Секако, таа можеби изгледа страшно, но со текот на времето научивме многу за неа. Науката никогаш не престанува да нè фасцинира со своите откритија. Па, ако сакате да дознаете нешто повеќе за смртта и сите нејзини опкружувања, следниве факти можат без сомнение ќе го задржат вашиот интерес.rnrn1fakti-za-smrtta-koi-nikogash-ne-ste-gi-slrn

Состојбата позната како „ливор мортис“ (посмртно синило) се појавува 20 минути по смртта

rnМногу луѓе знаат што значи оваа состојба, но не се свесни што претставува. Ливор мортис ја претставува промена на бојата на кожата поради насобирањето на крвта на едно место. Ова не се случува брзо кај сите, но е можно. А причината е затоа што кога некој ќе почине, срцето не е во можност да циркулира крв во телото.rn

Блиската средба со смртта предизвикува интензивни и шокантни соништа

rnДодека блиската средба со смртта може да биде интензивна и шокантна, таа во повеќето случаи води до луцидни соништа кога умот е во состојба на криза. Со помошта на еден експеримент спроведен со специфично истражување, направен од страна на организација во Калифорнија, било откриено дека луѓето можат да се условат да ги доживуваат овие искуства без да се соочат со блиска смрт. Вонтелесните искуства не се толку духовни како што претпоставуваме.rn

Косата и ноктите всушност не растат по смртта, иако многуина веруваат во ова

rnДа, кога умираме, косата и ноктите изгледаат како се` уште да растат, но всушност не е така. Тие изгледаат подолги, не затоа што растат, туку затоа што кожата околу нив се повлекува. Мртвото тело дехидрира, па кожата и останатите ткива се намалуваат, предизвикувајќи ја оваа појава.rn

Главната причина за смртта кај младите се сообраќајните несреќи

rnСообраќајните несреќи се случуваат цело време, но не сите предизвикуваат фатални последици. Сепак, кога станува збор за младите, тие се застрашувачка водечка причина за смрт, во споредба со насилството.rn

Некои животни едноставно не умираат од старост

rnПостојат неколку вида животни, кои се сметаат дека се способни да живеат „засекогаш“, доколку не се убиени или повредени од надворешни влијанија. Ова уште се нарекува и биолошка бесмртност и важи за животни како океанската школка, некои видови медузи, американскиот јастог…rn

Мозокот (најчесто) умира пред телото

rnИако не е точно во сите случаи, обично мозокот престанува да работи пред останатите органи. Постојат клетки кои остануваат активни дури и по престанувањето на сè друго. Иако е збунувачки сето ова, треба да бидеме свесни за тоа.rn

Нашата „енергија“ не може да биде уништена

rnПрвиот закон за термодинамика е дека енергијата не може да биде создадена или уништена во изолиран систем. Ова укажува дека дури и кога сме „заминати“, нашата енергија сè уште е присутна.rn

Постои состојба познат како „синдром на подвижен труп“

rnКотардовиот синдром во повеќето случаи се однесува на синдромот на подвижен труп. Ова е ментално растројство кое влијае на човекот на начин што тој мисли дека се наоѓа во „зомби“ состојба. Луѓето заболени од ова растројство веруваат дека се мртви или дека ги загубиле нивните органи или крв.rn

Свеста не завршува веднаш по смртта

rnСпоред некои научници, ние остануваме свесни некое време по смртта. Ова е поради хипералармантната состојба во моментот пред настапувањето на смртта. Ова е докажано со искуствата на луѓето кои биле вратени во живот откако доживеале клиничка смрт.rn

Нашите цревни бактерии продолжуваат да живеат и по смртта

rnСите имаме цревни бактерии кои се хранат од дебелото црево, но кога умираме, овие бактерии не умираат со нас. Бидејќи не се дел од телото, тие продолжуваат да се хранат и да си живеат. Во повеќето случаи, тие умираат со јадењето на последното ткиво.rn

Некои од гените се активираат по смртта

rnНекои гени можат да останат активни долго по смртта. Кај некои видови било откриено дека 4 дена по смртта, гените сè уште се развивале. Додека ова може да ви предизвика морници, сепак е прилично фасцинантно.rn

Некои тела произведуваат восок кој го спречува нивното распаѓање

rnНе сите тела го прават ова, но некои се зачувуваат благодарение на восочната супстанца позната како адипоцера, која на некој начин го мумифицира телото. Станува збор за бела супстанца што го заштитува телото многу добро. Се случува кога кислородот во погребаното тело се соединува со бактериите од самата почва.rnrnПрочитајте и што се случува со телото и мозокот по смртта.