Во летните месеци, жителите на швајцарскиот град Базел одат по улиците со светли торби во форма на риба. Станува збор за водоотпорна торба што ја користат за чување на своите работи кои ќе им требаат кога ќе решат да пливаат во реката Рајна.rnrnНекои од жителите на овој град тврдат дека на овој начин се релаксираат после работа, додека други сакаат само да го избегнат метежот во сообраќајот.rnrnОваа река во јули и август е место за забава на многу жители на Базел. И покрај тоа што просечната летна температура во Базел е само 25 Целзиусови степени, а реката Рајна се карактеризира со многу брз и непредвидлив проток кој се препорачува само за најдобрите пливачи, сепак многумина во неа бараат освежување.rnrn
rnrn
rnrnПовеќето пливачи пливаат на делот меѓу мостовите Шварцвалд и Јоханитер и оставаат да ги носи струјата. Околу реката Рајна нема спасители, па ако сакате да пливате, тоа е на ваш сопствен ризик.rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПогледнете како изгледа ова во пракса.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?time_continue=16&v=pAXbN2hWodc&feature=emb_titlernrnМожеби ќе ве интересира и кои се настаните што се случуваат многу ретко.
Европскиот град во кој луѓето од работа до дома се враќаат пливајќи
