Сите знаеме дека квалитетниот сон во текот на ноќта е клучен за одржување добра здравствена состојба. Но, поголем дел од луѓето сметаат дека им се потребни 8 часа сон за да можат правилно да функционираат, додека пак други тврдат дека им се доволни и 6 часа. Токму затоа и група научници се обиделе да откријат која е вистинската формула за спиење.rnrn
rnrnСара Чалмерс е 46-годишна жена од Велика Британија која неодамна учествувала во експеримент каде што се испитувале ефектите од недоволното спиење, а целта била да се покажат последиците кои произлегуваат од тоа. На почетокот од експериментот, научниците ја анализирале состојбата на кожата на Сара, со помош на скенирање на лицето. На крајот од експериментот, резултатите ги оставиле научниците без зборови.rn
„Изгледав постаро отколку за моите 46 години. Околу очите имав темни кругови, а мојата кожа беше матна, со зголемени пори и тоа можеше да се види од далеку. Како врв на сѐ, почнаа да ми се појавуваат и неколку точки на мојата брада. Бргу се заморував и бев многу нервозна. Мразев да го гледам својот одраз“, вели Сара.
rnЗа време на првиот дел од експериментот, Сара не спиела повеќе од 4 часа во текот на ноќта (од 2 до 6 часот). За време на овој период таа рекла дека не се чувствува уморно, но дека исто така и дека не се чувствува како да е доволно одморена.rn
„Секој ден во 3 часот попладне имав некое чудно чувство, како мамурлак“, вели таа.
rnВо втората фаза од експериментот, Сара спиела 5 и пол до 6 часа во текот на ноќта за време од една недела. До средината на оваа недела, таа забележала некои промени: Почнала побргу да се уморува и почесто јадела слатки работи за да добие повеќе енергија.rnrn

