Нема ништо посилно од љубовта помеѓу мајката и нејзиното дете, а оваа приказна е одличен пример за тоа. 98-годишната Ејда Китинг му се придружила на најстариот син, 80-годишниот Том, во дом за старци во Ливерпул за да се грижи за него и тие одлично се сложуваат!rnrn
rnrn
rnrnЕјда и нејзиниот починат сопруг Хери имале 4 деца: Том, Барбара, Марги и Џенет, која починала на 13 години. Пред да се пензионира, Том работел како сликар и декоратор. Тој во 2016 година се вселил во дом за старци, затоа што му требало повеќе грижа.rnrn
rnrnЕјда и син ѝ се неразделни и обожуваат да поминуваат време заедно. Тие играат друштвени игри и гледаат ТВ серии.rn
„Му посакувам добра ноќ на Том секоја вечер, а наредниот ден не заборавам да му кажам ’добро утро’. Кога одам на фризер, тој ме бара за да види кога ќе се вратам назад. Кога се враќам, тој ме пречекува со испружени раце за да ми даде силна прегратка“, изјавила Ејда.
rn
rnrnИ Том е задоволен од неговиот живот.rn
„Вработените се многу добри тука и среќен сум што можам повеќе да ја гледам мајка ми, сега откако почна да живее во домот. Таа навистина знае како да се грижи за мене. Понекогаш ми вели ’Внимавај како се однесуваш!’“, открил Том.
rn
rnrnСите во домот се трогнати од блиската врска помеѓу мајката и синот.rn
„Прекрасно е да се сведочи на блиската врска помеѓу Том и Ејди и среќни сме што можеме да им ги исполниме потребите на обајцата. Голема реткост е мајките и нивните деца да бидат сместени во истиот дом за старци и ние даваме сѐ од себе за да им го направиме престојот што е можно попосебен и попријатен“, изјавил Филип Даниелс, менаџерот на домот.
rn
rnrnКако што вели Ејда: „Никогаш нема да престанам да бидам мајка“. Една е мајка, се согласувате?rnrn
rnrnПрочитајте ја и приказната за мајка и син кои си го промениле полот и станале татко и ќерка.