КАФЕ ПАУЗА

Еден татко споделува трик како да го заспиете бебето побрзо

Многу родители кои штотуку пристигнале дома со новороденче сигурно се прашуваат како да ги заспијат своите бебиња брзо и успешно. Исто така, многу е важно родителите да го научат своето бебе да заспие самостојно за време на ноќното будење.rnrnНекои родители им пеат приспивни песни на своите бебиња, а некои родители развија свои трикови кои ќе им помогнат полесно да ги заспијат своите малечки. Остин Мајлс Гетер од Далас во Америка најде магичен трик со кој ја заспива својата мала ќерка брзо и без непотребни напори.rnrnТој вели дека овој трик навистина функционира. Треба нежно да ги милувате веѓите на бебето и бебето веднаш ќе заспие. Во видеото можете да видите како тој го прави тоа и неговата ќерка заспива многу брзо. Родители, дали ќе го пробате ова?rnrnrnrnМожеби ќе сакате да знаете зошто вашето бебе го плази својот јазик?