Душата може да зајакне само низ искушенија и патење: Бесмртни мудрости од Хелен Келер

Сподели

Хелен Адамс Келер (1880-1968) била американска писателка и педагог. Таа исто така е позната и како медицински феномен, како и една од жените со најинтересна биографија од 19-ти век. Но, сите ние вечно ќе ја помниме по нејзините неверојатни мисли кои брзо го освојуваат срцето и ве тераат да се замислите за важните нешта во животот. Погледнете дел од нив…

Реклама

rn

„Среќата не ни го носи она што го гледаме и допираме, ниту она што другите го прават за нас, туку она што ние мислиме дека можеме да го почувствуваме и направиме за другите, а потоа и за самите себеси.“

rn

„Самотијата и жалењето се нашите најлоши непријатели и ако им се предадеме, никогаш нема да направиме нешто мудро на овој свет.“

Реклама

rn

„Се сопнувам, паѓам, станувам… Со тешка мака продолжувам, но сепак одам напред… Сè повеќе желба имам и сè повеќе се искачувам. Надзирам сè поширок хоризонт. Секоја борба е победа.“

rn

„Плачев затоа што немав чевли, сè додека не видов човек кој немаше нога.“

rn

„Тоа што е најдобро и најубаво не може да се види, па дури ни допре. Тоа мора да се почувствува со срцето.“

Реклама

rn

„Карактерот не може да се развива низ леснотија и мир. Само низ искушенија и патење душата може да зајакне, визијата да стане појасна, амбицијата да се инспирира и успехот да се постигне. Моите пријатели ми ја напишаа приказната за мојот живот. На безброј начини ги свртеа моите маани во сјајни предности и ми овозможија да чекорам смирено и среќно под сенката на моите недостатоци.“

rn

„Кога среќата ќе ни затвори една врата, често ни отвора друга, но ние понекогаш знаеме предолго да гледаме во затворената и да не ја забележиме отворената.“

Најново

Може ќе ве интересира