Правилно се храните, држите диети, се движите, вежбате, а килограмите само се натрупуваат. Во што е проблемот? Еве ја препораката од една дама.
[message_box title=”” color=”yellow”]„Важно! Важно! Важно!!!
Никако немојте да ја миете косата додека сте под туш!
Имено, се работи за тоа дека шампонот се лизга низ вашето тело додека се туширате.
Не ми е јасно зошто не се сетив на ова порано!
Користев шампон секогаш кога се туширав! Кога ја мијам косата, шампонот се лизга низ моето тело, а на налепницата на шампонот стои јасно втиснато предупредување:
ЗА ЕКСТРА ВОЛУМЕН
Не е ни чудо што качував тежина… И што сега?
Се ослободив од тој шампон и сега ќе почнам да се туширам со сјај за миење садови. На неговата налепница јасно пишува:
ГИ ТОПИ МАСНОТИИТЕ КОИ ИНАКУ ТЕШКО СЕ ОТСТРАНУВААТ
И проблемот е решен!
Ако случајно сум недостапна или не ви се јавувам на мобилен, тоа значи дека сум под тушот. :)“[/message_box]
Напомена: За сите оние кои не стојат најдобро со хуморот, ова е шала. Во никој случај немојте да ја миете косата со сјај за садови. За настаната штета од евентуалната ваква постапка – не одговараме.

