Секоја солза изгледа различно и токму тоа фотографката Роуз-Лин Фишер успеала да ни го покаже со огромни детали. Како дел од нејзиниот нов проект наречен „Топографија на солзите“, таа со помош на микроскоп ни покажува една неочекувана перспектива на познатите човечки солзи.rnrnСолза предизвикана од вечно обединувањеrnrnПред околу 5 години таа имала операција на колкот каде што можела од многу блиску да види дел од коската и токму тогаш сфатила дека всушност сѐ што гледаме во нашите животи е само мал дел од она што постои. И веднаш потоа се запрашала како би изгледале солзите одблизу… Токму затоа таа уловила една своја солза, ја исушила и ја погледнала низ обичен светлосен микроскоп.rnrn
„Беше многу интересно. Изгледаше како поглед од многу високо, исто како да гледате пејзажи од авион,“ вели таа. „Со тек на време почнав да се запрашувам дали солзите од тага и солзите радосници би изгледале различно? И какви би биле тие во однос на солзите кои се предизвикани од кромид?“
rnСолза предизвикана од променаrnrnНаучно гледано, според потеклото солзите се поделени во 3 различни типови. Од една страна имаме солзи кои се поттикнати од екстремни емоции, како оние кои настануваат од тага или радост. Потоа основни солзи, кои постојано се испуштаат во мали количини со цел да се одржува окото влажно. И на крај, третата категорија ја сочинуваат рефлексните солзи кои настануваат како одговор на иритирачка дразба, како прашината, кромидот и слично.rnrnСолза предизвикана од почеток и крај на нештоrnrnСите солзи содржат различни видови биолошки супстанци (масла, антитела, ензими…) кои се задржани во солена вода, но како што Фишер забележала, солзите од различни категории се составени од различни молекули и токму затоа тие изгледаат толку различно одблизу. Неверојатно, се согласувате?rnrnСолза предизвикана од лупење кромидrnrnСолза предизвикана од тагаrnrnСолза предизвикана од радостrnrnОсновна солзаrnrn rnrn