КАФЕ ПАУЗА

Древни споменици кои се подигнати во чест на моќни жени низ историјата

rn

6. Гробница на принцезата Шерт Небти

rnДревни споменици кои се подигнати во чест на женитеrnrnШерт Небти била древна египетска принцеза од Петтата династија и таа владеела околу 2.500-та година пред новата ера. За нејзиниот живот се знае многу малку. Нејзината гробница е откриена во 2012 година, од страна на чешки археолози, а таа често се наведува како ќерка на фараонот Мен Салба, меѓутоа човек со такво име никогаш не постоел, па се претпоставува дека грешката потекнува од погрешен превод. Зошто Шерт Небти е погребана далеку од владетелите од таа доба, но и какви уште мистерии се врзуваат за подрачјето на кое е откриена нејзината гробница, допрва треба да се открива.rn

7. Гробница на кралицата на Маите

rnДревни споменици кои се подигнати во чест на женитеrnrnКабел се смета за најголема владетелка на цивилизацијата на Маите, а нејзината гробница, која датира од седми век, е откриена во 2004 година. Експертите сметаат дека оваа кралица имала поголемо влијание од нејзиниот сопруг, а откривањето на нејзиниот вечен дом ја зајакнало дискусијата за улогата на жената во мајанското општество.rn

8. Мавзолеј на Цецилија Метела

rnДревни споменици кои се подигнати во чест на женитеrnrnЦецилија Метела била ќерка на римски конзул и војсководец. Таа припаѓала на Метелите, едно од најугледното римско семејство од таа доба. Нејзината гробница спаѓа помеѓу најзачуваните и најпознатите споменици низ апијскиот пат.rn

9. Храм на фараонката Хатшепсут

rnДревни споменици кои се подигнати во чест на женитеrnrnХатшпсут била египетска владетелка за време на чие владеење стар Египет забележал подобрување, а економијата на земјата значително се развила. Иако се посветила на подигање богати градби, храмови и споменици, наследниците на оваа владетелка направиле сѐ за таа да биде избришана од историјата. Нејзиниот храм-мртовечница кој е изграден на западниот брег на Нил, се смета за еден од архитектонските чуда на стар Египет.rn

10. Вечниот дом на кралицата од Саба

rnДревни споменици кои се подигнати во чест на женитеrnrnДлабоко во прашумите на Нигерија се наоѓа место за кое многумина веруваат дека е последно почивалиште на кралицата од Саба. Различни извори ја нарекуваат уште и Билкис и Македа, а нејзиното право име или тоа дали навистина некогаш живеела, и ден денес претставува мистерија.