Хиромантија или читање од дланка е древна вештина која ги влече своите корени уште од далечното минато. Според верувањата, во нашите рачни зглобови и дланки се кријат знаци што можат да ни ја откријат иднината. Оваа вештина потекнува од Хинду астрологијата и брзо се пренела од Азија во Европа, по што и самиот Аристотел се заинтересирал за неа па го пренел своето знаење на Александар Македонски. Тој многу често користел хиромантија за да го процени карактерот на неговите ученици. Оваа пракса се пренесувала низ вековите, но денес многумина ја сметаат за празноверно верување.rnrn
rnrnПовеќето луѓе слушнале за читањето од дланка, но малкумина знаат за читањето на линиите кои се наоѓаат рачниот зглоб, односно „алката“ која се наоѓа на дното од дланката. Тоа се оние линии на внатрешната страна од нашите зглобови кои ја одвојуваат раката од дланката. Се верува дека колку повеќе линии имате толку подолго ќе живеете. Поголемиот дел од луѓето имаат 2-3 линии, а ретки се оние со 4 линии.rnrnПрвата алка ги означува 23-28 години од животот, втората 46-56 години, а третата 69-84 години. Четвртата претставува повеќе од 84 години живот. Подвиткајте ја дланката навнатре за да можете појасно да ги видите линиите и почнете со анализирање…rn
Прва линија
rnПрвиот ред е најважен. Ако линијата е јасна, непрекината и длабоко дефинирана, тогаш можете да очекувате дека ќе уживате во добро телесно здравје и сила. Ако линијата е нејасна, прекршена и слабо дефинирана, тогаш личноста се смета за слаба.rn
Втора линија
rnВтората линија го одредува богатството на личноста. Ако е јасно дефинирана, рамна и непрекината, тогаш можете да очекувате благосостојба и среќа.rn
Трета линија
rnТретата линија е поврзана со славата и моќта. Ако е рамна и непрекината, тогаш најверојатно ќе бидете многу влијателни во текот на животот.rn
Четврта линија
rnОваа линија е обично паралелна со третата и доаѓа како нејзино продолжување. Ако сте едни од ретките луѓе кои ја имаат линијата, таа само ви ги зацврстува и зајакнува можностите за слава поврзани со третата линија.rnrnСакате да дознаете повеќе за вашата иднина? Научете како сами да си ја прочитате судбината од дланка.