Кога ќе видиме човек со тетоважи, првото нешто што ни доаѓа да го прашаме е какво е нивното значење. Меѓутоа, освен самото значење на тетоважата, многу е важно и местото каде што се наоѓа. Местото на тетоважата може да ви открие многу интересни работи за вашиот карактер, па затоа треба внимателно да одлучите каде ќе се тетовирате. Во продолжение, прочитајте нешто повеќе во врска со ова…rn
1. Ребра
rnТетовирањето на ребрата е наменето само за најхрабрите. Ова е многу чувствително место, што значи дека личноста е силна, отпорна и храбра. Ако имате тетоважа на ребрата, тоа покажува дека се чувствувате пријатно во своја кожа и немате проблеми со самодовербата. Тетоважите на ова место се најчесто поголеми и покомплицирани, а тоа ја покажува длабочината на луѓето што ги имаат.rn
2. Прсти
rnТетоважите на прстите не се толку чести од практични причини. Доколку имате тетоважа на ова место, тоа значи дека сте многу прецизни. Ако сте истетовирале неколку збора на прстите, тоа е знак дека сакате да испратите многу моќна порака.rn
3. Листови
rnТетоважите на листовите се почести кај мажите отколку кај жените. На ова место се тетовираат обично спортистите, бидејќи тие носат кратки панталони поголемиот дел од времето. Овие тетоважи раскажуваат длабоки приказни. Луѓето коишто се тетовираат на листовите најчесто сакаат да се фалат со нивните тетоважи и да им ги покажуваат на сите.rn
4. Стапала и глуждови
rnЛуѓето кои имаат тетоважи на стапалата и глуждовите се посрамежливи и подискретни. Тие се мистериозни и едноставни, а нивните тетоважи имаат длабоко значење и покрај тоа што се минијатурни. Најчесто, овие тетоважи претставуваат спомен за некој личност која многу ја сакале, но ја изгубиле. Ова место им е омилено за тетовирање на интровертите.rn
5. Раце
rnТетоважите на рацете може да имаат најразлично значење. Луѓето кои имаат мала тетоважа на горниот дел од раката се претпазливи, но откачени. Доколку имате половичен ракав, тоа значи дека сакате да ја покажувате вашата уметничка страна, но сепак внимавате на градењето кариера и не сакате другите луѓе да ве осудуваат поради тетоважите. Луѓето со целосен ракав воопшто не се грижат за туѓото мислење. Тие живеат онака како што сакаат и не се грижат за последиците. Во секој случај, поединците кои се тетовираат на рацете обично сакаат да ги покажуваат тетоважите.rn
6. Рачен зглоб
rnТетоважите на зглобот на раката се многу чувствителни, не само поради тоа што се болни, туку и поради тоа што луѓето обично се обидуваат да ја скријат болката од минатото преку нив. Овие тетоважи се од големо значење за луѓето кои се излечиле од депресија, зависност од дрога и други сериозни здравствени проблеми. Овие тетоважи најчесто кријат најголемо значење.
Продолжува на следната страница…

