КАФЕ ПАУЗА

Дознајте ги мрачните тајни на лотаријата и другите игри на среќа

Дознајте ги мрачните тајни на лотаријата и другите игри на среќа

Речиси секој обичен човек сонува да добие многу пари на лотарија, но добро е да се знае што се крие зад гламурот на големите парични добивки. Можеби сте чуле дека поголеми се шансите да бидете убиени од метеор отколку да освоите милионски износ на лотарија. Тешко е да се одолее на искушението да купите лотариско ливче, бидејќи на крајот на краиштата давате околу 50 денари, а имате шанса да освоите милиони. Но, пред да отидете до најблискиот киоск и да купите среќка, прочитајте ги следниве неколку мрачни тајни што се кријат зад работата на лотаријата…rnrnДознајте ги мрачните тајни на лотаријата и другите игри на среќаrn

Луѓето копаат по ѓубре за да најдат среќки

rnЕдвард Сент Џон имал 83 години кога копал по ѓубре и нашол среќка со вредносна добивка од милион долари. Меѓутоа, набрзо се појавил сопственикот на добитното ливче кој тврдел дека по грешка го фрлил во ѓубре. На крајот, се спогодиле Џон да добие 140.000 долари.rn

Главна мета на лотаријата се сиромашните

rnСАД има голем проблем затоа што лотариите најмногу пари заработуваат во најсиромашните предели. Во 2014 година, лотаријата на Северна Каролина најмногу заработила во пределите каде што има највисока стапка на сиромаштија. Од 20 населби каде што стапката на сиромаштија е над 20%, во дури 18 од нив вкупната заработка од продадени среќки изнесувала по 200 долари од глава на жител.rn

Државите повеќе заработуваат од лотариите отколку од даноците

rnТочно 11 од соединетите американски држави заработуваат повеќе од продажба на лотариски ливчиња отколку од данокот што им го наплаќаат на фирмите. И за добивките од лотарија треба да се плаќа данок, а во Роуд Ајленд секоја добивка од над 600 долари ја покачува даночната стапка за дури 45%.rn

Понекогаш продавачите лажат

rnКога ќе отидете да го уновчите вашето ливче, а продавачот ќе ви каже дека не сте освоиле ништо, немате многу избор освен да му поверувате. Ќе си помислите дека погрешно сте ги прочитале бројките и ќе му го оставите ливчето на продавачот или ќе го фрлите во корпа за отпадоци. Меѓутоа, понекогаш ливчињата се добитни, а продавачот сака да ве прелаже. Во Калифорнија проблемот со ваквите измами бил толку голем, што државата праќала полицајци на тајни задачи за да ги фатат трговците кои ги лажеле добитниците.rnrnДознајте ги мрачните тајни на лотаријата и другите игри на среќаrn

Некои продавници зависат од лотариите

rnВо Америка некои трговци би изгубиле речиси половина од нивниот дневен промет, ако престанат да продаваат среќки за лотарија. Освен тоа, продавниците добиваат одреден процент од сите добивки, а кога ќе се расчуе дека некој некаде продал добитно ливче, во таа продавница продажбата се зголемува за 20% затоа што луѓето веруваат дека таму и ним ќе им се насмевне среќата.rn

Продажбата расте правопропорционално со невработеноста

rnВо периодот на најголема рецесија во Америка во 2008 година, дури 22 државни лотарии оствариле рекордни продажби. Според економистите, луѓето мислат дека купувањето лотариски ливчиња ќе им донесе некоја значајна сума на пари.rn

Освојувањето пари на лотарија го уништува човекот

rnИстражувањата покажале дека ако освоите пари на лотарија, не значи дека ќе го подобрите квалитетот на животот. Дури една третина од добитниците на лотарија банкротираат, а голем дел од нив страдаат од депресија, се разведуваат или извршуваат самоубиство.rnrnБили Боб Харел е најдобриот пример за негативните последици од освојувањето голема добивка. Тој освоил 31 милион долари и отишол на одмор на Хаваи. Купил куќи и автомобили за семејството и донирал огромна сума пари во добротворни цели. Наскоро, сѐ тргнало во надолна линија откако им поверувал на некои сомнителни луѓе. Жена му го оставила и тој изјавил дека добивката на лотарија е најлошото нешто што некогаш му се случило. Набрзо, извршил самоубиство.rnrnДоколку сте љубители на игрите на среќа, размислете добро нареден пат кога ќе посакате да купите лотариско ливче и запрашајте се дали навистина би сакале да освоите огромна сума на пари на таков начин.rnrnДоколку сакате да дознаете повеќе за страшните последици од игрите на среќа, прочитајте за 5-те најголеми добитници на лотарија, а губитници во животот.