КАФЕ ПАУЗА

Добро погледнете ја сликата! Делото е на Рембрант, а лекарите тврдат дека во неа е прикажана најлошата болест на денешницата!

Добро погледнете ја сликата! Делото е на Рембрант, а лекарите тврдат дека во неа е прикажана најлошата болест на денешницата!

Рембрант насликал една од неговите најпознати слики „Bathsheba at Her Bath“ („Батшеба во нејзината бања“) по инспирација од неговата долгогодишната љубовница Хендрикје Стофелс. Сепак, иако милиони луѓе го виделе ова дело, само современата медицина открила нешто необично.rnrnДобро погледнете ја сликата! Делото е на Рембрант, а лекарите тврдат дека во неа е прикажана најлошата болест на денешницата!rnrnСамо медицината од 20-от век, открила чудно и застрашувачко место на градите на љубовницата на Рембрант,  Хендрикје Стофелс. Дали е можно музата и љубовта на уметникот да има рак на дојка?!rnrnВо 1967 година, еден италијански хирург го посетил музејот „Рајкс“ во Амстердам. Тогаш, тој првпат го видел славното дело на Рембрант „Bathsheba at Her Bath“ позајмено од „Лувр“ во Париз.rnrnМилиони луѓе ја имаат видено оваа слика, но беа потребни повеќе од 100 години за да се согледа еден необичен детаљ на неа.rnrnХирургот веднаш забележал безбојно место на левата дојка кое изгледало како оток на долниот дел од градата. Со други зборови, ова бил класичен симптоми за карцином на дојка. Се разбира, во 17 век, оваа болест била целосно непозната.rnrnТеоријата дека Хендрикје имала злокобна болест во времето кога Рембрант ја насликал, била поддржана и од двајца австриски хирурзи во осумдесеттите години од минатиот век.rnrnПознатиот уметник го завршил ова дело во 1654 година. Тој живеел со Хендрикје многу години во тоа време, но парот не можел да стапи во брак заради заветот во тестаментот на првата сопруга на Рембрант, која почина скоро една деценија порано.rnrnИстата година кога е создадено делото, Хендрикје родила ќерка, Корнелија. Оние кои ја оспоруваат теоријата дека во тоа време немало карцином, навеле еден контра-аргумент дека необичниот изглед на нејзините гради, е како последица на исцрпеност и доење.rnrnДруг аргумент што ја оспорува теоријата за карцином е фактот дека Хендрикје починала 9 години подоцна. Иако точната причина за смртта не е позната, таа година чумата го погодила Амстердам, па се претпоставува дека „црната смрт“, а не карциномот, ја однела во смрт и оваа дама.rnrnМожеби сакате да го дознаете и неверојатниот живот на пејачката Едит Пјаф кој не се среќава ниту во романите.