Денешната наука има објаснувања за многу од нештата што на времето се сметале за магични. Но, постојат и онакви за коишто ни денес не може да се најде целосно објаснување – интересни суеверија што го издржале тестот на времето и сè уште владеат во мислите на луѓето. Погледнете дел од најбизарните во кои понекогаш може да се најде и вистина.
rn
1. Чукање во дрво
rnЧукањето во дрво била вообичаена пракса на древните свештеници да ги повикаат Дријадите, духовите на дрвјата, со цел да им помогнат да се изборат со злото или да им исполнат желба. Ова е можеби најраширеното суеверие што и ден-денес се применува и според многумина, функционира.rn
2. Лук против зло
rnЛукот е билка што е силно поврзана со Марс – планетата која одбива лоша среќа, брка зло и повикува добра среќа (особено при преземање ризик). Токму затоа и лукот добива аура на заштита, способност да го истера злото, да ни повика среќа и да ја сруши лошата карма. Дали и вие го користите лукот за борба против зло?rn
3. Црна мачка
rnВо поголемиот дел од земјите црната мачка се смета за несреќа. Но, во Велика Британија нештата се многу поинакви и таму токму таа се смета за добра среќа. Имајќи ги овие спротивности на ум, многумина веруваат дека здогледувањето црна мачка на вашиот пат значи промена на среќата, или на подобро, или на полошо.rn
4. Прекривање огледало
rnПрекривањето на огледалото за време на ноќта започнало во времето кога се раширило верувањето дека постојат вештерки. Тогаш се сметало дека огледалото е премин кон други светови и дека со прекривањето луѓето можат да се заштитат од непознатото дур спијат. Постои верување и дека огледалото може да ја зароби вашата душа.rn
5. Фрлање сол
rnСакате да се ослободите од злите духови? Едноставно фрлете сол. Ова суеверија се заснова на неговите добро познати антички моќи да го прогонува злото.rn
6. Детелина со четири лисја
rnОва суеверија започнало во Ирска, но брзо се проширило ширум целиот свет. Причината за тоа е што „вештерките“ ја користеле детелината со четири лисја за повикување среќа во љубовта.rn
7. Паричка за среќа
rnПостои еден интересен феномен ширум целиот свет – луѓето фрлаат парички во фонтани, реки и езера за среќа и исполнување желби. Оваа традиција започнала од времето кога луѓето верувале дека водените духови можат да им помогнат со нивните желби. Па, дали и вие сте едни од оние што ја оствариле својата желба откако фрлиле паричка во вода?
Прочитајте и за овие 5 суеверија со рационално потекло!

