Мостот Ватерло во Лондон кој можеби и не е толку атрактивен за туристите, овековечен на филмското платно благодарение на филмот Трејнспотинг (Trainspotting), крие интересна приказна. До ден денес кружи легенда дека околу 65% проценти од градежните работници кои работеле на изградбата на мостот за време на Втората светска војна биле всушност жени.
rn
„Ќе се бориме на море, ќе се бориме на копно, ќе се бориме во воздух – со сета сила што Бог може да ни ја даде. Немам што друго да жртвувам освен крв, маки, солзи и пот“, биле легендарните зборови на британскиот премиер Винстон Черчил со кои ги мотивирал Британците да се борат за време на Втората светска војна.
rnОвој период бил исто така историска пресвртница за жените кои добиле можност да станат дел од пазарот на трудот, додека мажите заминувале на фронтот. Едно од сведоштвата за тоа е токму овој мост кој се наоѓа во срцето на Лондон, на реката Темза во непосредна близина на Биг Бен и кралската палата.
Мостот Ватерло не е толку туристички атрактивен, за разлика од Вестминстерскиот како и Ламбетскиот мост. Сепак, тој е од огромно историско значење за градот и е познат како Lady’s Bridge или Женски мост.
Кога мажите отишле во војна, жените почнале да преземаат голем дел од традиционалните машки занимања, па така станале дел од светот на индустријата и транспортот. Се проценува дека до 1944 година, околу 25.000 жени биле ангажирани во британската градежна индустрија.
Daily Herald Archive/Science & Society Picture Library/PAЕден од најзначајните проекти во кој тие биле вклучени била и повторната изградба на мостот Ватерло. Имено, претходниот мост морал да биде срушен заради дотраеност. Освен тоа, имал лоша репутација како место на бројни самоубиства и собири на проститутки – бил нарекуван „мостот на воздишките“ во песни од 19 век.
Во отсуство на официјални документи од тој период, приказните за учеството на жените во реконструкција на мостот прераснале во урбани легенди. Сепак, во 2015 биле откриени стари фотографии како доказ за тоа дека тие биле дел од изградбата. Од 500 мажи кои работеле на мостот во 1939 останале само 50. На нивно место дошле околу 350 жени и со заеднички сили го изградиле мостот. По завршувањето на војната, жените биле испратени дома, а мажите се вратиле на своите работни места.
Daily Herald Archive/Science & Society Picture Library/PAДенес во Лондон има иницијатива да се одбележи овој интересен историски факт со што би им се оддало признание на жените, но и на мажите (најголем дел од нив биле сиромашни ирски работници) кои заеднички го изградиле мостот во едно особено тажно и трагично раздобје во историјата на човештвото.
Откако прочитавте за мостот Ватерло во Лондон и приказната за неговата изградба, можеби ќе ве интересира да прочитате и кои се 6-те најубави мостови на светот.
Извор: punkufer.dnevnik.hr

