КАФЕ ПАУЗА

Детски бисери за нивните мајки кои слатко ќе ве изнасмеат

rn

Што требала да знае твојата мајка пред да се омажи за твојот татко?

rnПрво дете:rn

„Неговото презиме.“

rnВторо дете:rn

„Морала да го знае неговото минато. На пример, дали е крадец? Дали се опива?“

rnТрето дете:rn

„Колку плата заработува? Дали се дрогира и дали би ѝ помагал во домаќинските работи.“

rn

Зошто твојата мајка се омажила за твојот татко?

rnПрво дете:rn

„Мојот татко ги подготвува најдобрите шпагети на светот. А мама многу сака да јаде.“

rnВторо дете:rn

„Станала многу стара за да би правела што било друго со него.“

rnТрето дете:rn

„Баба ми вели дека мајка ми тогаш немала капа за размислување на главата.“

rn

Кој е шеф во твојата куќа?

rnПрво дете:rn

„Мама не сака да биде шеф, но мора, затоа што татко ми е глупав.“

rnВторо дете:rn

„Мама. Тоа може да се заклучи по инспекцијата на собата. Таа ги гледа работите и под креветот.“

rnТрето дете:rn

„Мислам дека е мама, но само затоа што таа мора да направи многу повеќе отколку татко ми.“

rnДетски бисери за нивните мајки кои слатко ќе ве изнасмеатrn

Која е разликата помеѓу мајките и татковците?

rnПрво дете:rn

„Мајка ми работи и на работа и дома, а татко ми само на работа.“

rnВторо дете:rn

„Мајките знаат да разговараат со учителките, а да не ги исплашат.“

rnТрето дете:rn

„Татковците се високи и силни, но мајките имаат вистинска сила, затоа што нив мораш да ги прашаш доколку сакаш да преспиеш кај некоја другарка.“

rnЧетврто дете:rn

„Мајките имаат магија, тие прават да се чувствуваш подобро и без лекови.“

rn

Што работи твојата мајка во слободно време?

rnПрво дете:rn

„Мајките немаат слободно време.“

rnВторо дете:rn

„Кога ќе го чуе тоа, тогаш плаќа сметки цел ден.“

rn

Кога би можеле да промените една работа кај својата мајка, што би било тоа?

rnПрво дете:rn

„Има некоја чудна идеја дека постојано треба да ја чистам својата соба. Би го решил ова.“

rnВторо дете:rn

„Би ја направил мојата мајка попаметна. Тогаш би знаела дека за сѐ е виновна мојата сестра, а не јас.“

rnТрето дете:rn

„Би сакала да се отстранат оние невидливи очи за кои вели дека ги има на нејзиниот грб.“