Детална анализа на карактерот и одлуките во кариерата според месецот во кој сте родени

Сподели

rn

Реклама

Јули

rnСпоред нумерологијата, ако сте родени во јули, бројот 7 е вашиот владетел. Вие сте искрена личност. Се грижите за семејството и би направиле сè за да ги заштитите вашите врски. Може да бидете цинични и саркастични и малку осамени, што може да ги збуни оние кои се грижат за вас. Луѓето родени во овој месец можат да бидат ексцентрични, посебно во начинот на облекување и некои животни навики. Многу луѓе родени во јуни се генијалци, но исто така се чувствителни и склони кон депресија.rn

Особини на личностите родени во јули

rnЗабавно е да се биде во нивно друштво, но понекогаш е тешко да ги разберете. Горди се на себе. Искрени се. Се грижат за чувствата на другите. Чувствителни се и внимателно ги избираат пријателите. Немаат тешкотии во учењето. Сакаат да бидат сами. Имаат тешкотии при создавање нови пријателства.rn

Реклама
Што велат научниците за нив?

rnИмаат проблем со исхраната. Лесно се повредуваат, но им треба долго време да заздрават.rn

Август

rnАко сте родени во август, вашиот владејачки број е 8. Вие се стремите да го гледате доброто во другите. Една од вашите слабости е проблемот со здравјето бидејќи работите многу. Често сте препознатливи по вашата способност да ги инспирирате другите. Многу лесно заработувате пари.rn

Особини на луѓето родени во август

rnСакаат да се шегуваат. Привлечни. Храбри и бестрашни. Премногу дарежливи. Љубоморни. Внимателни. Брзо размислуваат. Сакаат да водат. Талентирани се за уметност, музика и одбрана. Романтичари. Сакаат да создаваат пријателства.rn

Реклама
Што велат научниците за нив?

rnЛуѓето родени во август е многу веројатно да имаат проблеми во училиште. Имаат 30 проценти поголеми шанси да бидат „обележани“ како проблематични ученици од страна на наставниците. Обично се помладите деца во класот, па имаат проблем да бидат во тек со предавањата.rn

Септември

rnАко сте родени во овој месец, бројот 9 ви е од голема важност. Веројатно ќе имате многу улоги во вашиот живот бидејќи сте интелигентни и флексибилни. Исто така сте и многу добро организирани. Вашата најголема слабост е депресијата. За да успеете, понекогаш треба да го исклучите вашиот внатрешен глас кој ве критикува.rn

Особини на луѓето родени во септември

rnВнимателни и организирани. Тврдоглави. Тивки. Верни. Чувствителни и многу дарежливи. Имаат добра меморија. Можат самите да се мотивираат. Сакаат спорт. Ретко покажуваат емоции и се чуваат во себе. Претенциозни, посебно кога станува збор за врски.rn

Што велат научниците за нив?

rnНајдобрите во училиштето се најчесто родени во овој месец, бидејќи речиси секогаш се најстарите во класот. Големи се шансите да завршат факултет и да изградат кариера.rn

Октомври

rnАко сте родени во октомври, вашиот број е 10. Вие имате многу среќа. Кога ќе си поставите цел, речиси секогаш ја постигнувате. Негативната страна на вашата личност е тоа што многу лесно влегувате во расправии и сакате да се одмаздите. Ако можете да се справите со вашите „демони“, можете да успеете повеќе од што сте замислувале. Имате потенцијал да бидете лидер во вашата област.rn

Особини на луѓето родени во октомври

rnОбожаваат да разговараат. Секогаш ја возвраќаат љубовта. Пријателите им се од голема важност. Лесно се повредуваат но и лесно преболуваат. Лојални. Не им е грижа што мислат другите. Сакаат патување, уметност и литература. Знаат да бидат љубоморни, но секогаш се искрени. Лесно ја губат довербата. Сакаат деца.rn

Што велат научниците за нив?

rnОвие луѓе живеат најдолго. Во просек, живеат околу 160 дена повеќе од оние кои се родени во пролет. Причината за ова е светлината која ја примаат во текот на бременоста и во раниот развиток.rn

Ноември

rnАко сте родени во ноември, бројот 11 е важен за вас. Вие сте емпати. Како и да е, понекогаш вашата чувствителност може да ве порази и тоа да доведе до стрес и психолошки проблеми, како што се замор и депресија. Многу често сте пример за другите и би биле одличен учител.rn

Особини на луѓето родени во ноември

rnИмаат многу идеи. Тешко е да ги разберат. Уникатни и брилијантни. Можат да бидат добри лекари. Таинствени. Секогаш размислуваат за нешто. Не зборуваат многу. Храбри и дарежливи. Стрпливи. Сакаат да бидат сами и размислуваат поразлично од другите. Романтични. Несигурни во врските. Не можат да си ги контролираат емоциите.rn

Што велат научниците за нив?

rnЛуѓето родени во ноември се песимисти. Причината за ова е бидејќи имаат недостаток од допамин, „хормонот за среќа“, што е исто поврзано со изложувањето на светлина по раѓањето.rn

Декември

rnАко сте родени во декември, вашиот број е 12. Вие сте филозоф. Исто така имате многу среќа, па љубовта и богатството лесно доаѓаат кај вас. Имате активен социјален живот. Проблемот кај вас е тоа што се сметате за премногу среќни, па некогаш превземате големи ризици. Клучот до вашиот успех е да сфатите дека сепак не сте бесмртни.rn

Особини на луѓето родени во декември

rnЛојални и дарежливи. Патриоти. Амбициозни и сакаат да се дружат. Искрени. Имаат краток темперамент.rn

Што велат научниците за нив?

rnЛуѓето родени во овој месец имаат големи шанси да бидат со астма или алергии. Можеби причината за ова е затоа што се родени кога гриповите и другите вируси имаат најголем замав. Недостатокот на светлина во првите месеци од животот може да предизвика биполарно растројство кај овие луѓе.

Родените во мај знаат страсно да љубат, а јунските луѓе се софистицирани. Дознајте што друго го карактеризира вашиот месец на раѓање?

Најново

Може ќе ве интересира