КАФЕ ПАУЗА

Родените во мај знаат страсно да љубат, а јунските луѓе се софистицирани. Што го карактеризира вашиот месец на раѓање?

Родените во мај знаат страсно да љубат, а јунските луѓе се софистицирани. Што го карактеризира вашиот месец на раѓање?

Секој месец на раѓање носи и одредени карактеристики. Откријте што ви носи вашиот.rnrnРодените во мај знаат страсно да љубат, а јунските луѓе се софистицирани. Што го карактеризира вашиот месец на раѓање?rn

Јануари – зборливи

rnРодените во јануари сакаат многу да зборуваат. Знаат да ја погодат сржта на работите за кои дискутираат. Ги сакаат оние што ги сакаат нив. Располагаат со голема внатрешна и надворешна убавина. Понекогаш лажат, но не се личности кои постојано се преправаат дека се нешто што не се. Ги ценат своите пријатели. Храбри се и знаат да се налутат. Лесно е да ги повредите, но тие уште полесно се подигнуваат по падот. Сонуваат со отворени очи и имаат мислење за она што ги интересира. Непредвидливи се и не се оптоваруваат со контролирање на емоциите. Многу се паметни, а тоа им додава многу сексапил.rn

Февруари – таинствени

rnГлавата им е полна со апстрактни мисли. Ја опсервираат реалноста и потоа размислуваат за неа на апстрактен начин. Многу се паметни и тоа ги прави многу секси. Делуваат тивко и срамежливо, но во одреден моменти знаат да покажат жесток темперамент. Упорни се, тврдоглави и амбициозни. Ја сакаат својата слобода и секогаш цврсто чекорат кон остварување на своите цели. Се бунтуваат кога наидуваат на граници. Лесно е да ги повредиш. Во таков момент се гневни длабоко во себе, но не го покажуваат тоа. Иако се многу романтични, ретко го покажуваат тоа.rn

Март – сјајни

rnРодените во март се прекрасни. Нивната привлечност лежи во сочувствителноста, мистериозноста, искреноста и дарежливоста. Иако делуваат како да се тивки, со нив можете да си направите многу убав муабет. Сакаат работите да ги прават на свој начин. Често преземаат ризици. Знаат да бидат и многу тврдоглави. Сакаат да бидат забележани, а тоа го постигнуваат и со одличното чувство за мода. На моменти се многу откачени. Извонредно се бакнуваат, но знаат и да ги кршат срцата на луѓето од спротивниот пол. Тие во себе го собрале најдоброто од другите единаесет месеци и тоа умешно го користат во кревет. Мана им е тоа што понекогаш кога им се допаѓа некого тие предолго чувствата ги чуваат во тајност.rn

Април – неодоливи

rnАприлските луѓе се многу љубезни, забавни и харизматични. Многу сакаат да зборуваат, а тоа го прават на начин кој ги прави неодоливи. Самоуверени се и добро соработуваат со другите. Интелигентни и секогаш љубопитни. Добро ги разбираат луѓето и знаат како да ги забавуваат или мотивираат, а истото важи и кога сакаат да се мотивираат себеси да направат нешто. Отворени се и секогаш е забавно покрај нив. Сакаат музика, опуштена атмосфера и патувања.rn

Мај – љубовници

rnБрзо носат одлуки, а потоа се сомневаат во тоа што одлучиле или се каат. Нивната динамика ги прави интересни за другите луѓе. Имаат силен менталитет кој им овозможува цврсто да се справуваат со своите проблеми и да им помагаат на другите а ги решат своите. Одлични советници се и затоа имаат многу пријатели. Обожаваат да патуваат и истражуваат. Во љубовта се храбри, а често пати само нивниот партнер може да го разбере начинот на кој се однесуваат. Тие се одлични љубовници.rn

Јуни – софистицирани

rnРодените во јуни се многу софистицирани. Сакаат да испробуваат нови работи и затоа покрај нив никогаш не е здодевно. Знаат а бидат и малку таинствени и тивки, но длабоко во себе тие се најзборлестите луѓе што можете да ги замислите. Водат грижа за чувствата на другите и не сакаат да се одмаздуваат. Простуваат, но не забораваат. Внимателно ги набљудуваат луѓето пред да донесат заклучок за нив. Лесно е да ги повредиш, а тие тешко се опоравуваат од тоа. Иако се доста комуникативни, понекогаш им треба време да бидат малку сами.rn

Јули – заведувачи

rnСакаат да склопуваат нови пријателства. Пријатно е покрај нив. Но, некој од новите „пријатели“ може да стане „жртва“ на нивните неверојатни заведувачки способности. Многу е веројатно дека веќе имаат некој многу згоден партнер. Секогаш знаат да одберат добар филм за гледање во друштво или кога се сами со партнерот. И самите имаат потенцијал еден ден да станат добри актери.rn

Август – став

rnРодените во август сакаат да ги искажуваат своите ставови. Отворени се кога станува збор за тоа и секогаш се спремни да влезат во некаква интересна дискусија. Сакаат со тоа да го привлечат вниманието на другите, а кога не успеваат во тоа спремни се и да преземат ризици. Живеат за да љубат и да бидат љубени. Не поднесуваат кога не им се возвраќа љубовта. Тежнеат за слобода и упорни се во нејзиното постигнување. Бунтовни се кога таа им се ограничува. Тоа е само мал дел од особините кои родените во август ги прават многу привлечни и интересни личности.rn

Септември – мудри

rnКога некој ги љуби, тие возвраќаат многукратно. Знаат како да ја покажат љубовта и во кревет. Тој е нивниот вистински храм. Знаат да го одберат животниот партнер благодарение на нивната внимателност и аналитичност со која им пристапуваат на работите. Знаат како да донесат важни одлуки. И пријателите им се многу важни. Секогаш се трудат да го збогатат својот живот со нови луѓе. Сонуваат со отворени очи, но имаат и ставови кои покажуваат колку цврсто стојат на земја.rn

Октомври – страсни

rnМногу се страсни, а на моменти и диви. Сакаат да си играат чувајќи ја својата таинственост. Покажуваат само малку од себе, навестувајќи голема внатрешна убавина како што располагаат и со голема привлечност благодарение на нивниот изглед. Оние кои започнуваат врска со некој роден во октомври треба да го/ја чуваат затоа такви личности тешко се наоѓаат. Бестрашни и независни, тие секогаш знаат добро да се грижат за себе.rn

Ноември – слатки

rnТврдоглави се, упорни и остроумни. Со вакви особини тие некако успеваат да бидат привлечни за другите на начин на кој се перципирани како многу слатки луѓе. Нивната детска полетност е неодолива. Сонувачи се и имаат бујна фантазија. Уживаат во уметноста, литературата и патувањата. Не сакаат постојано да се дома.rn

Декември – преубави

rnРодените во декември секогаш располагаат со голема физичка убавина. Дури и ако не им се допаѓаат премногу на другите, тие надоместуваат со својата зборливост, отвореност и авантуризам. Тие постојано имаат приказни за раскажување и затоа секогаш е интересно ви нивно друштво. Лесно е да се зборува со нив, но на моменти и тешко да се разберат. Нив сепак тоа не ги обесхрабрува. Ним и понатаму не им се седи дома и бараат можност да си го направат животот поинтересен.