КАФЕ ПАУЗА

Дали знаевте дека светилникот на Александрија бил во употреба повеќе од илјада години?

Дали знаевте дека светилникот на Александрија бил во употреба повеќе од илјада години?

Светилникот бил изграден во форма на кула со височина од 134 метри, украсена со колосални розови гранитни статуи кои ги претставувале птоломејските фараони и нивните кралици. За негова изградба биле употребени огромни блокови од бел варовник, па така светилникот буквално „сјаел“ под египетското сонце. На врвот на кулата била поставена бронзена статуа со височина од 7 метри која го претставувала Посејдон или Зевс. Градењето на светилникот траело 5 години.rnrnДали знаевте дека светилникот на Александрија бил во употреба повеќе од илјада години?rnrnСветилникот на Александрија бил изграден не само за естетска туку и за практична цел: им овозможувал на морнарите безбедно патување и враќање во египетското пристаниште. Со тоа придонел за трговскиот развој на Александрија во античкиот свет.rnrnНа сите нам ни е добро познат фактот дека градот бил основан од страна на Александар Македонски во 331 година п.н.е. кога патувал низ Северен Египет. Поминале речиси три години од почетокот на походот на македонскиот крал против Персијците, кога тој ја презел контролата над крајбрежната област на источниот Медитеран. Решил да основа пристаниште во делтата на Нил што ќе му обезбеди контрола врз морето. Така се родила и идејата за основање на легендарниот град Александрија.rnrnСветилникот бил изграден на островот Фарос. Според Плутарх, Хомер му се јавил на сон на Александар цитирајќи го сопствениот стих од неговата поема „Илијада“ каде го величи островот Фарос и неговото убаво пристаниште. Александар се разбудил, го побарал островот и откако го нашол, рекол дека античкиот поет „не само што плени со своите зборови, туку е и многу мудар архитект“. Така светилникот го добил името по островот и на тој начин зборот pharos во грчкиот јазик го добил значењето на светилник.rnrnСветилникот деноноќно им помагал на морнарите: во текот на денот ја користеле неговата светлина за навигација, а за време на вечерните часови можеле безбедно да го забележат пристаништето. Огнот што горел на врвот бил толку светол што лесно можел да биде помешан со ѕвезда во мракот. Историчарите претпоставуваат и дека било поставено некаков вид огледало кое го рефлектирало сјајот на пламенот. Во средновековието, арапските автори фасцинирани од светилникот, честопати замислувале дека огледалото всушност се користело како лупа која би можела да ги насочи сончевите зраци кон непријателскиот брод што се приближува до пристаништето, согорувајќи го до пепел.rnrnОткако прочитавте за едно од седумте светски чуда на античкиот свет, можеби ќе сакате да прочитате и 7-те спектакуларни светски чуда за кои веројатно не сте слушнале.rnrnИзвор: nationalgeographic.com