Досега сигурно сте наишле на необични закони во другите земји. Овој пат одлучивме да направиме листа на најдобрите европски закони кои сигурно и вие би сакале да се воведат кај нас.rnrn
rn
Сите нови згради мора да имаат зелени покриви (Базел, Швајцарија)
rnБазел е првиот град во светот каде на сите нови згради мора да има засадено зеленило на покривот, а истото важи и за сите стари згради кои се во фаза на детално реновирање.rn
Шефовите не смеат да ги контактираат вработените по работното време (Португалија)
rnЗа да се воспостави некаква рамнотежа меѓу приватниот и деловниот живот, Португалците донеле закон кој ги спречува шефовите да ги контактираат вработените по работното време. Претпоставените не смеат да праќаат мејлови, пораки или да ми се јавуваат на вработените по завршувањето на работното време освен доколку не се работи за нешто навистина сериозно.rn
Инфлуенсерско „разубавување“ на фотографиите (Норвешка)
rnСе чини дека фотографиите кои инфлуенсерите најчесто ги објавуваат на социјалните мрежи се речиси совршени, а тој ефект е постигнат благодарение на разноразните алатки за разубавување како Фотошоп. Сепак, норвешкиот закон бара од инфлуенсерите да користат одредена ознака преку која ќе ги предупредат следбениците дека користеле алатки за разубавување.rn
Две нови дрвја за секое родено дете (Велс)
rnВо Велс е покрената иницијативата за засадување две дрвја за секое родено дете, од кои едното дрво ќе биде засадено во Велс, а другото во Уганда. Истото важи и за случајот кога се посвојуваат деца.rnrnОткако го прочитавте нашиот список со најдобрите европски закони, можеби ќе сакате да прочитате и 10-те закони за заштита на животни кои се показател дека човештвото почнува да се буди.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr