Кога во 1991 година се појави парфемот на Елизабет Тејлор, „Бели дијаманти“, тој брзо стана најпродаван парфем. Доколку и вие сакате да мирисате како славните личности, ова се најновите парфеми кои ѕвездите ги создадоа за вас.rnrn
„Unplugged for Her“ од Џон Бон Џови
rnПарфемот е наменет за: сензуални, харизматични и привлечни девојки.
Мирисни ноти: цветно-ориентален мирис на база на слива и георгина.
Потсетува на: возбудата на гитарски риф, спонтаност и свежина. rn
„Glam“ од Ким Кардашијан
rnПарфемот е наменет за: трендсетерки кои обожаваат да се дотеруваат.
Мирисни ноти: овошно-цветен мирис кој претставува мешавина од капина, лубеница, египетска тубероза, масло од роза и мошус.
Потсетува на: гламурозна девојка, богата и примамлива. rn
„Midnight Heat“ од Бијонсе
rnПарфемот е наменет за: девојки кои едвај чекаат да се ослободат од деловната облека и да облечат нешто позаводливо.
Мирисни ноти: овошно-цветен мирис создаден врз основа на питаја, ерменска слива, црно лале, амбер и пачули.
Потсетува на: тропска летна ноќ и сензуална арома на зрели плодови. rn
„Closer“ од Хали Бери
rnПарфемот е наменет за: девојки кои обожаваат да ја носат облеката на своите момчиња заради препознатливиот мирис.
Мирисни ноти: основа од лаванда заокружена со ноти на дива малина, крин, мимоза, кедрово дрво, ванила и мошус.
Потсетува на: модерна и нежна мешавина од него и неа. rn
„Wonderstruck Enchanted“ од Тејлор Свифт
rnПарфемот е наменет за: романтични девојки кои сонуваат за ѕвездена ноќ исполнета со многу љубов.
Мирисни ноти: ориентален спој на шумски плодови, маракуја, божур, бел мошус и ванила.
Потсетува на: опојно вљубување. rn
„Vintage Bloom“ од Џесика Симпсон
rnПарфемот е наменет за: девојки од соседството кои не се плашат да флертуваат.
Мирисни ноти: цитрусни ноти во комбинација со малина, божур и сандалово дрво.
Потсетува на: свеж и сончев ден во градината. rn
„FAME“ од Лејди Гага
rnПарфемот е наменет за: дрски, но сепак женствени девојки.
Мирисни ноти: цветен мирис кој вклучува темјан, кајсија, шафран и мед.
Потсетува на: деликатна орхидеја. rn
„Nicole“ од Никол Ричи
rnПарфемот е наменет за: девојки кои го обожаваат бохо стилот.
Мирисни ноти: мешавина од капина, портокал, мароканска роза, кашмир, пачули и ванила.
Потсетува на: егзотично патување.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

