Цртеж со силна порака кој го трогна светот

Сподели

Автор на видеото кое го трогна светот е младиот Индиец Навин Кумар кој во описот напишал: „Снимено според вистински случувања за време на војната во Ирак“, додавајќи дека е настанато во соработка со домот за сираци Шишу Мандир.

Во него можеме да видиме како младото момче излегува со креди в раце на игралиштето и почнува нешто да црта. А она што го нацртал е причината што останаа трогнати многу луѓе ширум светот.

Реклама

Инаку, сцената во видеото е нацртана според фотографијата на иранската уметница Бахаре Бишеш, која за неа вели:rn

„Ова девојче никогаш не ја има видено својата мајка, па ја нацртала со креда и заспала на неа. Таа е моја роднина и заспа на асфалтот пред мојата куќа. Веројатно си играла и потоа само легнала и заспала. Се качив на столче за да ја фотографирам. Не се работи за сиропиталиште и нема никаква врска со трагична приказна. Ја искористив приликата за креативност, тоа е стил фотографија“, објаснува артистката.

Реклама

rnКумар со своето видео успеа да го привлече вниманието за децата на кои им се потребни родители. На крајот од видеото може да се види пораката:rn

„Некои од нас, за разлика од повеќето привилегирани, ценат и само сакаат мајчинска љубов. Сакајте и бидете сакани безусловно. Посвојте дете.“

Најново

Може ќе ве интересира