Колку убава награда носи сонот, доколку имате доволно време за спиење. Сонот има огромни ефекти врз вашето помнење, желби, самоконтрола, учење, врски… Погледнете ги наредниве неколку студии кои покажуваат дел од психолошките придобивки од сонот и неколку опасности доколку не спиете доволно.rnrn
rn
1. Плацебо сон
rnСонот знае да биде навистина чуден. Понекогаш доволно е само да веруваме дека добро сме се наспале за да се чувствуваме и работиме подобро, без разлика на тоа што нашиот сон реално бил ист како и претходно.rnrnДраганич и Ердал направиле истражување во кое ги приклучиле испитаниците за сензори, кои им било кажано дека го мерат квалитетот на сонот. Но, она што е навистина интересно е дека сензорите не мереле ништо, а истражувачите им кажувале на случајни луѓе дека имале подобар сон од останатите. Потоа кога им било дадено да решаваат когнитивен тест, оние на кои им било кажано дека спиеле поквалитетно имале повисоки резултати на тестот. Истражувачите ова го нарекле „плацебо сон“.rn
2. Емоционален сон
rnЗа време на спиењето нашите сеќавања се реорганизираат и на тој начин стануваат посилни. Ова најмногу се случува во емоционалните центри на мозокот. Психолозите откриле дека мозокот ги категоризира нашите сеќавања и одлучува кои да ги задржи, а кои да ги отфрли. Експертот за сон, Елизабет А. Кенсингер објаснува:rnrn
„Сонот ги зацврстува сеќавањата. Исто така изгледа и како да прави нешто што јас мислам дека е многу поинтересно, а тоа е реорганизирање и реструктурирање на сеќавањата.“
rnСо споредбата на неколку студии за сонот се открило дека сите ние имаме тенденција да ги задржиме најемоционалните делови од нашата меморија.rn
3. Обвинувајте ја полната месечина за лошиот сон
rnДоколку не спиете добро, можеби тоа има некаква поврзаност со фазата на месечината. Луѓето често најмногу се жалат на лош сон околу периодот на полна месечина. И покрај тоа што научниците долго време биле скептични, една студија од 2013 година во која испитувале 33 волонтери во 2 старосни групи додека спиеле, дошла до многу интересно откритие:rnrn
„Податоците покажуваат дека околу периодот на полна месечина, активноста на мозокот која е поврзана со длабокиот сон опаѓа за околу 30%. Исто така на луѓето им се потребни 5 минути повеќе за да заспијат и во просек спиеле 20-тина минути помалку од вообичаено.“
rnИстражувачите веруваат дека ова се случува поради нашиот внатрешен „месечев часовник“ кој ги следи циклусите и влијае врз нашите хормонални нивоа.rn
4. Потреба од брза храна
rnЕдна од опасностите од недоволниот сон е потребата за брза храна. Како дел од едно неодамнешно истражување, научниците ги скенирале мозоците на 24 испитаници откако ќе се наспијат, доволно и недоволно. По нарушеното спиење, се покажала зголемена активност во одредени области во мозокот кои биле поврзани со наградите и автоматското однесување. Изгледа како недостатокот на сон да им ја одзема самоконтролата на луѓето и со тоа нивните добри намери брзо се забораваат. Токму затоа се појавува и необјаснивата потреба за брза храна.rn
5. Учење за време на спиење
rnНе е можно да научите нешто ново за време на спиењето, како на пример странски јазик, но тоа не значи дека со сонот не се зацврстува она што веќе го знаете. Гобел и колегите откриле дека студентите подобро научиле да свират серија од музички ноти откако ги слушале за време на 90-минутна дремка.rnНаучниците откриле дека со помош на сонот вие ги зацврстувате оние сеќавања кои веќе ги имате стекнато.rn
6. Придобивките од 6-минутната дремка
rnДури и малите количини сон можат да бидат корисни. Една студија спроведена од Лал, открила дека доволна е и 6-минутна дремка за да го подобри перформансот на тест за потсетување на претходно научени зборови.rnrnМожете слободно да го искористите ова истражување како изговор нареден пат кога вашиот шеф ќе ве забележи како ги одмарате вашите очи на работа… :)rn
7. Ноќните птици имаат намалена густина на бела маса
rnИстражувачите откриле различни неврални структури кај ранобудниците и кај ноќните птици. Поради сè уште непознати причини ноќните птици имаат намалена густина на белата маса во мозокот. Намалената густина во овие области се поврзува со депресија и когнитивна нестабилност. Бидејќи ноќните птици многу тешко можат да заспијат порано, тие во текот на денот постојано се уморни и токму поради тоа нивниот мозок страда од последиците.rn
8. Сонот на децата
rnДецата обработуваат многу повеќе информации од возрасните бидејќи на нив сè им е ново. Токму затоа нередовното време за спиење на млади години може да доведе до намалување на когнитивните перформанси. Една студија покажала дека по добар сон, децата многу полесно ја наоѓале скриената шема во задачата која им била зададена.rn
9. Адолесцентите имаат потреба од повеќе спиење
rnВо просек, на адолесцентите им се потребни околу еден или два часа повеќе спиење од возрасните. Па, доколку ова е вистина, тогаш зошто тие мора да стануваат толку рано за да одат на училиште?rnrnЕдна студија го одложила будењето на адолесцентите за само 25 минути. Тие откриле дека со тоа бројот на студентите кои спиеле повеќе од 8 часа во текот на вечерта се зголемил од 18% на 44%. И уште поинтересно е што откриле и дека студентите се чувствувале помалку поспани, помалку депресивни и конзумирале многу помалку кофеин.rn
10. Моторни вештини
rnКога учиме одредени моторни вештини, како на пример свирење на клавир, нашиот мозок продолжува со процесирање на информациите дури и откако ќе завршиме. Во истражувањето спроведено од Ален, музичарите кои вежбале нови песни имале поголем успех во брзината и точноста доколку претходно добро се наспале. Исто како и меморијата, добриот ноќен сон може да ги подобри и моторните перформанси.rn
11. Проблеми во врските
rnЛуѓето најчесто се во своето најлошо светло доколку лошо спиеле, но како тоа влијае врз нивните интимни врски? Една нова студија открила дека доволно е само една лоша ноќ за да се предизвика огромна штета врз врската. Тие откриле дека дури и оние кои во просек добро спиеле, само една ноќ со недоволно сон може да предизвика некаков вид конфликт наредниот ден.rn
12. За време на спиењето се отвораат скриени пештери
rnНовите истражувања откриле „скриени пештери“ во мозокот, кои се отвораат за време на сонот, овозможувајќи и на цереброспиналата течност да ги исфрла потенцијалните невротоксини, како „β-amyloid“ кои се поврзуваат со Алцхајмеровата болест.rnrnИ за крај, не заборавајте, како што Вилсон Мизнер еднаш рекол:rnrn
„Количината на сонот која е потребна за еден просечен човек е 5 минути или повеќе.“
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.