Јазикот е жива материја. Може да се менува, унапредува и да поприма нови фрази и значења. Британскиот и американскиот јазик, навидум слични, располагаат со интересни варијации кои навистина можат да ве доведат во непријатна ситуација. Само замислете дека некому во Англија му давате комплимент велејќи му дека ви се допаѓаат неговите панталони (pants), без да сте свесни дека вашиот коментар ќе биде протолкуван како пофалба за неговата долна облека.rn
rnВо оваа споредба на британскиот и американскиот говор, набројани се дел од зборовите кои имаат сосем различни знаења во Британија и во САД. Којзнае, можеби некогаш оваа разлика ќе ве спаси од голема „каша“.rn
Pants
rnБритански – долна облека, гаќи
Американски – панталониrn
Braces
rnБритански – трегери
Американски – протезиrn
Biscuit
rnБритански – колаче
Американски – ронлив леб со путер кој се служи со солени оброциrn
Jumper
rnБритански – џемпер
Американски – скокачrn
First floor
rnБритански – катот над приземјето
Американски – приземјето (катот каде е самиот влез)rn
Trolley
rnБритански – количка
Американски – тролејбусrn
Fancy dress
rnБритански – смешен костим за маскембал
Американски – формален, елегантен фустанrn
Trainers
rnБритански – спортски обувки, патики
Американски – тренер за разни спортски активностиrn
Bog
rnБритански – веце-школка
Американски – бара, калrn
Chaps
rnБритански – момци
Американски – кожни заштитници за нозете при јавањеrn
Comforter
rnБритански – бебешка цуцла (исто, dummy е друг збор за бебешка цуцла, кој во американскиот англиски значи кукла-модел на човек, најчесто за потребите на медицината)
Американски – јорган, престилкаrn
Cider
rnБритански – алкохолен пијалак кој се добива од ферментирани јаболка
Американски – безалкохолен јаболков сок кој се пие на есенrn
Lift
rnБритански – лифт
Американски – подигнуваrn
Knob
rnБритански – пенис
Американски – заоблена квака од вратаrn
Bin
rnБритански – канта за отпадоци
Американски – место за чување документиrn
Chips
rnБритански – помфрит
Американски – чипсrn
Garden
rnБритански – место позади куќа, заден двор
Американски – место каде се садат цвеќиња и разни културиrn
Rubber
rnБритански – гума за бришење
Американски – кондомrn
Pissed
rnБритански – пијан
Американски – лут, гневенrn
Hamper
rnБритански – кошница за храна
Американски – кошница за алиштаrn
Shag
rnБритански – секс
Американски – тепих со долги и меки влакнаrn
Vest
rnБритански – долна облека, маица
Американски – елекrn
Football
rnБритански – фудбал
Американски – рагбиrn
rn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

