Бремените жени кои работат повеќе од 25 часови неделно имаат тенденција да родат помали бебиња, вели новото истражување. Истражувачите од Универзитетскиот медицински центар во Ротердам, Холандија, испитале 4.680 жени кои биле 30 седмици бремени. Притоа, било установено дека оние жени кои работеле повеќе од 25 часа неделно, родиле бебиња кои тежеле за 200 грама помалку од стандардната просечна тежина.rnrn
rnrnНаучниците исто така откриле дека големината на роденото бебе, зависи и од тоа колку часови во текот на работниот ден, бремената жената поминува стоејќи. Така, кај оние жени кои почесто стојат, како што се учителките или оние кои работат во продажба, постои поголема веројатност да родат помали деца.rnrnЕдно од објаснувањата за оваа појава е фактот дека кај жените кои почесто мораат да стојат на нозе во текот на работниот ден, се намалува протокот на крв до плацентата, што од своја страна, го лимитира количеството на хранливи материи и кислород до фетусот. И покрај тоа што помало бебе не значи и нездраво бебе, сепак се смета дека кај вторите има поголем ризик од појава на проблеми со дишењето, срцеви дефекти, проблеми со дигестивниот систем, тешкотии со учењето и отежнат развој.rnrnЕкспертите не знаат зошто работењето повеќе од 25 работни часови во текот на неделата би можело да доведе до раѓање помали деца, но претпоставуваат дека тоа се случува како резултат на стресот. Авторите на истражувањето велат дека работодавачите треба да се потрудат што е можно повеќе да ја направат работата удобна за бремените жени кои работат таму.rnrnДруго истражување од Универзитетот во Осло, спроведено на 2.206 жени кои биле 32 седмици трудни, открило дека кај жените кои се нервозни додека се пораѓаат, породувањето трае подолго, односно час и половина плус во однос на оние жени кои не се уплашени од чинот.rnrnНервозните жени најчесто се пораѓаат околу 8 часа, а оние кои не се уплашени околу 6,5 часа. Се смета дека една петина од жените се уплашени од пораѓањето, појава позната како токофобија.rnrnОва истражување исто така открило дека на жените кои се исплашени поголема е веројатноста да им е потребна епидурална анестезија или царски рез. Тие исто така помалку комуницирале со бабиците за нивните проблеми, па не ја добиле потребната асистенција и помош за да се намали нивниот страв.rnrnЗатоа, доколку очекувате принова работете помалку, смејте се почесто и не плашете се од породувањето – тоа е сепак најприродната работа на светот, нели!?rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
