Кратко романтично филмче, кое ќе ве натера да се запрашате на колку луѓе секојдневно во светот им се случува оваа возбудлива, но непријатна ситуација со некој непознат човек.
Приказна: Убава девојка, се досадува и се чувствува осамено во едно кафуле, но кога ќе го крене погледот нагоре, се менува нејзиното расположение за 180 степени. Догледува згодно момче, кое ѝ мавта и ѝ гестикулира нешто преку прозорецот.
rnРежисер на ова симпатично романтично кратко филмче, е Стефан Ли, а продукцијата е на Вини Лу. Актерката која ја глуми младата девојка е Синди Ли, а џентлеменот кој стои пред прозорецот на кафулето е Мени Метјус Мотониус.
Доколку ви се допадна овој краток филм, веројатно ќе сакате да го погледнете и Лонг Бранч (Long Branch).rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

