Автор: Ивана ГрујоскаrnrnВо Македонија, традиционалното празнување на Велигден изгледа отприлика вака: рано утрото на Велики четврток се бојадисуваат јајца во црвена боја. Првото бојадисано јајце е наменето за Господ Бог и се покажува на семејството, а членовите на семејството го дочекуваат со зборовите „добре дојде“. На најмалите дечиња три пати им се врти со јајцето околу лицето велејќи им „црвено, бело, дебело“ за да бидат здрави и силни. Потоа, јајцето се завиткува во црвено крпче и се остава на видно место на прозорецот или на терасата од домот. Се верува дека тоа јајце штити од громови и зли сили. На Велигден, обичај е луѓето да се кршат со јајца, а победникот си го зема јајцето на тој што го скршил.rnrn
rnrnМеѓутоа, гледано во светски размери, ние сме доста конзервативни во празнувањето на Велигден. Откривме 10 најчудни традиции на празнување што се применуваат ширум светот. За некои можеби сте слушнале, некои можеби ќе ве зачудат или пак ќе ве насмеат. Како и да е, еве на што наидовме.rnrn1. Во Чешка и во Словачка, мажите и момчињата ги камшикуваат жените и девојките со декорирани инструменти, кои се обично украсени со шарени ленти. Овој обичај традиционално се одржува во понеделник, на вториот ден од Велигден и не е наменет да им предизвикува болка на жените, туку има за цел да го охрабри чувањето на доброто здравје и убавина. Секако, жените и девојките можеби мислат поинаку. :)rnrn
rnrn2. Во Полска и во Русија се прават јагниња од путер. Путерот е извајан во форма на јагне, кој придружува еден оброк.rnrn
rnrn3. Остатоците од Божиќ им предизвикуваат забава на Германците за време на Велигден. Остатоци од новогодишни елки се собираат на куп и се палат како симбол дека дошол крајот на зимата и настапува пролетта.rnrn
rnrn4. Веројатно сте виделе чоколадни јајца и зајаци, но дали сте виделе чоколаден билби? Билби е малечок вид зајак-торбар со големи уши, кој се закопува под земја. Потекнува од Австралија. И тој е овековечен во чоколадна форма.rnrn
rnrn5. Додека во Нов Зеланд традиција е да се кријат велигденските јајца, некои луѓе во Швајцарија гордо ги покажуваат. Во Нион, близу Женева, традиција е да се украсуваат фонтани со цвеќиња, панделки и јајца.rnrn
rnrn6. Камбаните во француските цркви не бијат на Велики петок како признание за смртта на Исус. Но, легендата вели дека камбаните всушност летаат кон Рим и се враќаат назад на време за да заѕвонат на Велигден. Постојат многу слики и фотографии кои сведочат за оваа традиција.rnrn
rnrn7. Спалувањето на Јуда е древен Велигденски обичај во православните и католичките земји, но денеска се практикува само во неколку земји. Ликот на Јуда е често прикажан и изгорен на Велигден во некои делови од Грција, Мексико, Португалија и Шпанија.rnrn
rnrn8. Оваа полска традиција несомнено ја започнал некој маж. Традицијата вели дека на мажите во Полска не им е дозволено да прават Велигденски леб, а некои тврдат дека не смеат да приготвуваат никаква храна за време на Велигденските денови, од страв дека ќе им побелат мустаќите. :)rnrn
rnrn9. На Финска можеби ѝ треба потсетник дека е Велигден, а не ноќта на вештерките. Децата се облекуваат како вештерки и талкаат по улиците со метли во рацете во потрага по колачиња. Се вели дека традицијата започнала со верувањето дека вештерките летале во Германија и лудувале со Сатаната. Затоа, се палат големи логорски огнови за да ги исплашат и да ги истераат што подалеку.rnrn
rnrn10. Ние ги јадеме Велигденските јајца, а Англичаните ги тркалаат. Тркалањето на јајца сè уште е доста популарен спорт во Обединетото Кралство. Натпреварот се состои во тркалање на јајца надолу по големи ридови. Оној чие јајце ќе се истркала најдалеку или пак нема да се скрши при тркалањето, победува.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
