Андреа Гудрич била 20 седмици бремена кога ги слушнала тажните вести дека е неизбежно да ги изгуби двете бебиња. Како и да е, вчера таа ги лулкала нејзините две здрави ќеркички, откако едната ѝ го спасила животот на другата, уште пред тие да се родат.rnrnРезултатите од ултразвукот направени во текот на бременоста, откриле дека едно од девојчињата, Кики, имало проблем со срцето, а воедно и плодовата течност истекувала од плацентата. Зачудувачки, нејзината сестра Нико се позиционирала себеси ниско во матката, при што заземала улога на затка, со што го спречила спонтаниот абортус и опасноста од инфекција.rnrn
„Ние навистина веруваме дека таа била во улога на ангел-чувар на својата сестричка – вели триесет и девет годишната г-ѓа Гудрич од Суреј, Англија. Јас сум најсреќната мајка на светот! Според наведените причини и после сè што се случи, близначките не требаше да бидат на овој свет. Звучи неверојатно, но изгледа како Нико да почувствувала дека нешто не е во ред. Таа ѝ го спаси животот на Кики.“
rn
Г-ѓа Гудрич и нејзинит сопруг Пол (46) кој е директор во компанија, веќе имаат четиригодишен син, кој се вика Лука и ќерка – Индија, која има две годинки.rnrnЦелата драма започнала кога г-ѓа Гудрич отишла на рутински преглед на 20 седмици од нејзината бременост и докторите забележале чуден обрач околу срцето на Кики.rnrn„Бев препратена на преглед во болница во Лондон за да ми направат понатамошни испитувања, но за два дена почнав да крвавам и докторите ни рекоа дека имам оштетување на плацентата, што значеше дека плодовата течност истекува.“rnrnДокторите објаснувале дека за само 20 седмици, бебињата немаат шанси да преживеат ако се родат. Сè што можел да направи болничкиот персонал, е да ја задржи Андреа на болнички кревет и да го чека, неизбежното пометнување.rnrn
„Јас и Пол се подготвувавме за најлошото“– вели г-ѓа Гудрич.
rnНо, докторите беа вчудоневидени кога направија ултразвук и ја видоа Нико како лежи под Кики во плацентата.rnrn
„Уште почудно е тоа што Нико останала во истата позиција. Многу ни олесна кога стигнавме до 24-тата седмица, бидејќи знаевме дека секој нареден ден што ќе го поминат во плацентата, значи големо зголемување на шансите за нивно преживување.“
rnПосле 30 недели бременост, Андреа се породила со царски рез. Прва се родила Нико и тежела 1,5 кг, а после 5 минути и Кики, која тежела 1,4 кг.rnrn
„Мене ми изгледаа дека се многу малечки, но докторите ми рекоа дека имаат добра телесна тежина, со оглед на фактот што Нико успеа да ги одржи да останат внатре цели 10 седмици“ – вели г-ѓа Гудрич.
rnДвете девојчиња биле дадени на специјална нега, при што Нико била само 6 недели, а Кики цели три месеци. Сите тестови од тогаш навака, велат дека срцето на Кики е во ред.rnrnДокторите не знаеле што е тоа што го виделе на ултразвукот. Но, сега срцето на Кики ѝ е совршено здраво. Сопружниците рекле дека забележале дека нивните двојајчани близнаци, кои сега имаа седум месеци, секој ден сè повеќе си личат меѓу себе.rnrn
„Тие сакаат секогаш да се гледаат лице в лице и секоја од нив веќе умее да ја насмее својата сестричка. Кога ќе пораснат, ќе им објасниме на двете, дека причината поради која што тие имаат толку цврста меѓусебна врска, не е бидејќи делеле иста матка, туку бидејќи пред да се родат, Нико ѝ го спасила животот на Кики“ – додава г-ѓа Гудрич.
rnСемејството Гудрич се поддржувачи на „Спаркс“, добротворна организација, која е посветена на истражување на состојбите кои негативно влијаат врз бременоста на идните мајки.rnrnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn
