КАФЕ ПАУЗА

Дознајте што прават психолозите секој ден за да бидат среќни

Дознајте што прават психолозите секој ден за да бидат среќни

Written by

in

,

Иако не постои една единствена тајна за среќата, редовната грижа за себе може значително да ви го подобри расположението. Луѓето ја наоѓаат среќата на многу различни места, така што многу е важно да откриете кои здрави навики ве прават среќни и секојдневно да ги практикувате. Самиот Аристотел некогаш кажал дека „Среќата е активност“. Многу работи во животот ни се случуваат сами по себе, но постојат и работи што треба да ги направиме ние самите, како што е наоѓањето среќа. Па, како експертите за ментално здравје ја негуваат среќата? Во продолжение дознајте ги нивните секојдневни навики…rnrnДознајте што прават психолозите секој ден за да бидат среќниrn

1. Бидете свесни

rnТерминот „свесност“ најверојатно ви буди слики на јога или тивка медитација, но експертите велат дека можете да го постигнете овој начин на размислување и преку други вежби. Психологот Вилер открива дека неговиот избор на психичка и физичка вежба е пливањето, бидејќи повторливите движења природно доведуваат до свесно размислување.rn

„За да пливам добро, морам да се концентрирам на она што го правам. Живеам од замав за замав, од здив за здив“, објаснил тој.

rnОсвен тоа, пливањето е одлична физичка вежба за телото.rn

„Кога ќе завршам со пливање, ништо не ме боли, а се чувствувам свежо и енергично“, додал Вилер.

rnТој исто така советува да пливате од 30 минути до 1 час дневно, со што ќе успеете да се релаксирате и да си дадете медитативен одмор по напорниот ден.rn

2. Пишувајте белешки

rnИстражувањата покажале дека искажувањето благодарност може да доведе до голем број придобивки како што се подобар сон и намален ризик од депресија. Не е никакво изненадување тоа што експертите за ментално здравје се согласуваат со овие откритија.rn

„Ако забележам дека ми паѓа расположението или дека се чувствувам анксиозно, правам листа на работи за кои сум благодарна. Тоа ѝ помага на мојата умствена состојба и не ми дозволува да размислувам за стресни и негативни работи. Освен тоа, ми помага да си го подобрам расположението“, открила терапевтката Кејси Хауард.

rnЗошто и самите да не се уверите во ефикасноста на овој метод? Направете листа од 10 работи за кои сте благодарни. Немате што да изгубите!rnrnДознајте што прават психолозите секој ден за да бидат среќниrn

3. Вежбајте

rnДокажано е дека кардио вежбите ја зголемуваат среќата.rn

„Трчањето е извор на мојот разум. Не само што ми помага да се ослободам од стресот, туку и ја буди мојата инспирација за смислување нови идеи“, изјавила Хауард.

rnПостои научно докажана причина зошто Хауард се чувствува подобро по физичката активност. Вежбањето го покачува адреналинот во телото, што предизвикува ослободување на ендорфини кои, пак, го подобруваат расположението. Дури и најкраткото вежбање може да направи голема разлика. Неодамнешните истражувања докажале дека лесните физички активности придонесуваат за поголеми емоционални придобивки, за разлика од умерените и интензивните вежби.rn

4. Зближете се со другите луѓе

rn

„Секој ден одвојувам по малку време за да разговарам со мојот сопруг за ’нас’. На тој начин, ја одржуваме стабилноста на врската, а тоа ме прави среќна“, открила психологот Гејл Салц.

rnСалц и нејзиниот сопруг знаат што прават. Комуникацијата е клучот за секоја успешна врска, особено кога станува збор за љубовна врска. Според едно истражување од 2015 година, жените кои забележале дека нивните сопрузи редовно ги потиснуваат своите емоции не биле задоволни од бракот. Не плашете се да го кажете вашето мислење и да разговарате со партнерот, бидејќи токму тоа можеби ќе ви донесе среќа!rnrnПрочитајте ги и 12-те навики на луѓето кои сами си ја создаваат својата среќа.