Понекогаш не знаете кој е вашиот повик сè додека не ве пронајде. Барем ова бил случајот со Ерик Вајт, 33-годишниот сопственик на фирмата Zydeco Construction. Поранешниот бездомник сега има компанија која гради плажи во дворовите на луѓето, а тој заработува милиони од ова.rnrn
rnrnКога имал 15 години, Ерик бил бездомник околу 8 месеци.rn
„Додека растев нештата не беа едноставни за мене.“
rnТој се отпишал од училиште во деветто одделение и знаел да чита само колку второодделенец.rn
„Едвај можев да си го напишам името.“
rnИ покрај недостигот од образование, тој секогаш сметал дека го разбира градежништвото.rn
„Знаев дека ако го работам тоа ќе можев навистина да направам нешто.“
rnНа почетокот работел за локална градежна компанија само колку да може да си ги плати сметките. Но, подоцна слушнал за работна позиција која плаќала 10 евра на час.rn
„Човекот за којшто работев ме надгледуваше и ме научи за компанијата. За 6 месеци бев менаџер на тимот.“
rnАмбициозниот Ерик продолжил да си го поплочува патот во разни градежни компании, Со тек на времето започнал и своја компанија – бизнис за базени.rn
„Тој бизнис одеше навистина добро и минатата година го продадов за над милион евра.“
rnНеговиот следен подвиг бил компанијата Zydeco Construction. Компанијата гради езерца кои изгледаат како плажи и се опкружени со песок. Секое езерце има свои додатоци вклучувајќи кујна, чадори и мрежи за одбојка. 33-годишниот маж смета дека само небото е граница кога станува збор за создавање на плажата од соништата. Ерик ја разгледал неговата визија од секој агол.rn
„Со години си мислев што ако некој најде начин да го претвори езерцето во рај. Истражував многу и целото знаење го применив за изградба на овие плажи.“rnrn„Отсекогаш ми било сон да ги правам овие работи. Сакам да најдам начин како да направам нешто. Можам да ја разгледам секоја ситуација и да најдам решение. Сакам да бидам на пазарот и да нудам нешто што повеќето компании го немаат.“
rnБез сомнение, овие езерца се неверојатни. Во просек една ваква плажа чини околу 17.000 евра.rn
„Секое езерце е прилагодено според местото и муштеријата. Ова не е нешто што може да се направи за еден ден. Овие езерца се плод на вистинска љубов. Правиме нешто различно со секое езерце што го создаваме.“
rnПогледнете и како изгледаат некои од најубавите базени во светот.
