КАФЕ ПАУЗА

Без смеење: Земји каде насмевката може да ве доведе во неволја

Без смеење: Земји каде насмевката може да ве доведе во неволја

Насмевката ги отвора сите врати? Понекогаш не, во зависност од тоа во која земја сте. Русите се сметаат за луѓе кои секогаш се намуртени и кои на почетокот може да изгледаат како климата во некои делови на земјата – екстремно студено. Русите дејствуваат затворено затоа што не им се насмевнуваат на странци баш така, но штом ќе ги сретнете, ќе откриете дека се добро.rnrnБез смеење: Земји каде насмевката може да ве доведе во неволјаrnrnМногу Руси, исто како и многу други народи, мислат дека смеењето без причина е едноставно бесмислено и лажно, а понекогаш индикатор за недостаток на интелигенција или на искреност. Таквиот поглед на светот е потврден со групни фотографии, или на деца или на возрасни, бидејќи Русите често не се смеат. Додека на Запад, па дури и кај нас, вообичаено е да се каже „cheese“ (или некои други, покреативни изрази) и сите да се насмеани.rnrnДодека во некои земји насмевката е показател на топлина и почит, на други места може да биде знак на измама и нечесност. Според еден психолог во сиромашните и корумпирани земји, смеењето без очигледна причина предизвикува сомневања за измама. Овој психолог за да ја потврди својата теза направил илјадници фотографии на луѓе во 44 различни земји и ги спореди со економските услови, како и спроведе истражување за тоа како жителите ги доживуваат насмеаните лица на фотографиите. На Германците, Швајцарците, Кинезите и Малезијците, насмеаните луѓе им изгледаа интелигентни, додека во Јапонија, Индија, Иран и Јужна Кореја ги сметаа за поглупави.rnrnДруги истражувања покажуваат дека насмевката не мора да значи дека личноста е среќна. Во „среќните земји“ како Швајцарија, Шведска и Норвешка, жителите главно не се насмевнуваат, додека, на пример, Американците, чиј индекс на среќа се намалува, неуморно ги покажуваат сите заби.rnrnПрочитајте кои 7 реченици Русите не ги сакаат.