КАФЕ ПАУЗА

Актери кои претерале додека се подготвувале за својата улога

Актери кои претерале додека се подготвувале за својата улога

Сите актери имаат свои методи на подготовка за одредени улоги, но некои од нив ги поминуваат сите граници. Токму затоа се случува тие да завршат со пневмонија, скршени ребрa или прогонувачки мисли. Погледнете дел од најекстремните подготовки за некои од најголемите улоги на филмското платно.rnrnАктери кои претерале додека се подготвувале за својата улогаrnrnГери Олдман го загубил својот британски акцент поради сите свои американски улоги, па морал да оди на терапија за говор со цел да го врати назад.rnrnЗа време на снимањето на филмот „The Birds“, на Типи Хедрин ѝ фрлале вистински птици во лице со цел да се подготви за иконската сцена со нападот.rnrnБрајан Кренстон научил како да прави метамфетамин од страна на Управата за борба со наркотици со цел да може подобро да ја одигра својата улога во „Breaking Bad“.rnrnЗа својата улога во „Nymphomaniac“, Шаја Лабаф решил да ги однесе работите на едно ниво повисоко и навистина да има секс со својата соработничка на камера. Неговата девојка го напуштила брзо по овој настан.rnrnЗа своите улоги Роберт Дениро качил 30 килограми за филмот „Raging Bull“, живеел еден месец во Сицилија за „Godfather Part 2“, ги скршил своите заби за „Cape Fear“ и еден месец работел како таксист за „Taxi Driver“.rnrnАктери кои претерале додека се подготвувале за својата улогаrnrnЗа да се подготви за својата улога во „The Joker“, Хит Леџер се затворил во хотелска соба цел месец за да може да го вежба својот лик. На крајот, тој изјавил дека се нашол во „просторот на психопатите“.rnrnЗа да ја добие улогата на Џим Морисон во „The Doors“, Вал Килмер научил 50 нивни песни. На крајот, тој толку добро ги пеел што останатите вистински членови на оваа музичка група не можеле да разликуваат кога пее Морисон, а кога Килмер.rnrnБред Пит доброволно дозволил да му ги скршат забите за улога во „Fight Club“. Откако завршил со снимање бил на забар за да му ги поправат забите.rnrnЗа да се подготви за својата улога во „Silence of the Lambs“, Скот Глен гледал видеа кои биле запленети од полицијата на кои имало луѓе кои биле измачувани и убивани. Тој ја одбил улогата во вториот дел бидејќи вели дека снимките и до денешен ден го прогонуваат.rnrnСо цел да се подготви за својата улога во филмот „In the Age of Innocence“, Даниел Деј Луис 2 месеци одел низ Њујорк облечен во облека од 1870-тите на ниски температури. Во еден момент бил дијагностициран со пневмонија.rnrnАктери кои претерале додека се подготвувале за својата улогаrnrnЗа својата улога во филмот „Sonny“, Џејмс Франко поминувал многу време со машка проститутка, па дури и го следел на неговите посети со клиенти.rnrnЗа да се подготви за својата улога во филмот „Safe House“, Дензел Вашингтон поминал низ сесии на измачување со вода.rnrnДаниел Деј Луис додека го снимал филмот „My Left Foоt“ бил исхрануван со лажичка и одбивал да стане од инвалидската количка помеѓу сцените. Позицијата во која седел му предизвикала 2 скршени ребри.rnrnОткако Кристијан Бејл изгубил 30 килограми за својата улога во „The Machinist“ така што живеел со едно јаболко на ден, тој веднаш качил 45 килограми за улогата во „Batman Begns“.rnrn6 месеци пред снимањето на филмот „Last of the Mohicans“, Даниел Деј Луис исчезнал и откако повторно се појавил изјавил дека живеел во дивина со цел да се подготви за улогата.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.