КАФЕ ПАУЗА

Ова се најважните астролошки настани во јануари 2023 година!

Ова се најважните астролошки настани во јануари 2023 година!

Кои ќе бидат најважните астролошки настани во текот на јануари? Прочитајте во продолжение!rnrnОва се најважните астролошки настани во јануари 2023 година!rn

1. Моќта на љубовта

rnПрвите денови од новата година беа во знакот на полна Месечина во Рак на 6 јануари. Тоа ја разбуди љубовта во нашите срца. Така, повеќето од нас станаа почувствителни од вообичаено подготвени да направат речиси сè за оние што ги сакаат. Тоа значи и дека стануваме свесни што сакаме да им пружиме на нашите најблиски, но и каква сигурност и љубов сакаме да добиеме ние самите.rn

2. Возбудливата Венера

rnСо Венера во Водолија од 3 јануари почнаа да нè привлекуваат нови работи. Подготвени сме да истражуваме и да бараме нови начини на изразување љубов. Покрај тоа, љубовта во виртуелниот свет на Интернет на многумина ќе им донесе забавни и неочекувани моменти. Меѓу другото, кога Венера ќе се сретне со Уран на 15-ти јануари, може да сретнеме незаборавен странец кој за кратко време ќе исчезне. Можеби ќе имаме и жестока расправија со партнерот со цел да ги зачуваме сопствените граници. Спојувањето на Венера со Сатурн на 22 јануари ќе ги смири страстите и ќе нè врати на првобитниот колосек за да можеме на мир да го анализираме сето она што ни се случило.rn

3. Carpe diem – Марс во Близнаци

rnАко во последниве месеци повеќе размислувавме отколку што делувавме, внимателно правевме планови и го одложувавме почетокот на новите цели, сега сме подготвени за акција. Љубопитноста е важен фактор за успех. Марс во Близнаци (на 12 јануари) ќе нè потсети дека во животот работите не се црно-бели! Секогаш постои нова можност и поинаков начин да го доловиме најдоброто од секој ден и од секоја ситуација. Освен тоа, снаодливоста, пријателите и смислата за хумор ќе ни помогнат да не земаме сè при срце и да бидеме успешни во сето она што го правиме.rn

4. Неуморен ум – Меркур во Јарец

rnНа 18 јануари Меркур ќе транзитира во Јарец, а тоа значи дека нема да има простор за непромисленост со оглед на тоа дека Меркур ги симболизира остриот ум, јасната перцепција на реалноста и способноста за концентрација. Со други зборови, нашиот ум ќе работи деноноќно и ќе бидеме полни со нови идеи. Сепак, треба да имаме доволно трпение да се погрижиме и за заостанатите здодевни обврски.rn

5. Романтична љубов – Венера во Риби

rnТранзитот на Венера низ знакот Риби на 27 јануари ќе ни овозможи да ја погледнеме поубавата и поромантичната страна на животот, барем на кратко. Музика, уметност, филм – има многу начини на кои можеме барем на кратко да избегаме од сивото секојдневие. Ќе бидеме понежни кон партнерот, подготвени за љубовни авантури и ќе им посветиме повеќе внимание на оние што ги сакаме. Сето тоа ќе ни донесе среќен период во љубовта и ќе ни пружи незаборавни моменти.rnrnОткако прочитавте за најважните астролошки настани во текот на јануари, можеби ќе сакате да прочитате и што ќе се промени по завршувањето на ретроградната фаза на Марс на 12 јануари.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs