КАФЕ ПАУЗА

9-те карактерни особини на храбрите умови

Храбрите и смели ставови и идеали се еден возбудлив начин на живеење. Луѓето кои се обидуваат да зграпчат што повеќе шанси и прилики со помош на нивното размислување искусуваат еден поисполнет, побогат и поинтензивен живот. Во продолжение прочитајте кои карактеристики ги одликуваат храбрите умови и дознајте ги причините за нивниот успешен развој и напредок.rnrn9-те карактерни особини на храбрите умовиrn

1. Храбрите умови бараат различни перспективи

rnДодека посмирените луѓе се опкружуваат со личности кои го ценат и практикуваат нивниот начин на размислување, храбрите умови во својот круг на пријатели вклучуваат личности кои имаат различни идеологии. Тие не се обидуваат да се променат или да ги променат другите, туку се отворени и прифатливи кон оние кои го гледаат светот поинаку од нив.rn

2. Храбрите умови уживаат во предизвикот

rnБестрашните храбри умови ги привлекува уметноста која го истражува контрадикторното и им открива вистини и наративи кои можат да завршат двосмислено. Нивниот интелект ги цени и вреднува вкусовите – во храната, музиката, филмовите, а добрите вкусови мора прво да се култивираат за да се добијат.rn

3. Храбрите умови не копнеат по сечие внимание, љубов и почит

rnВо неговата книга, „Давид и Голијат“, Малком Гладвел открива дека успешните претприемачи ја вреднуваат несогласноста како карактерна особина многу повеќе од обичното население. Тие не се некултурни или нељубезни, туку не бараат прифаќање или благослов од нивните пријатели за да го сторат тоа што мислат дека е правилно.rn

4. Храбрите умови можат да бидат сами без да бидат осамени

rnХрабрите умови не дозволуваат нивното внимание да се задржува на телевизијата, социјалните мрежи и сличните тривијални активности, туку се обидуваат да останат будни и свесни во секое време.rn

5. Храбрите умови се помирени со своите стравови и анксиозноста

rnТие ги забележуваат своите мисли дури и кога тие се негативни. Не се обидуваат да ги игнорираат или да не ги прифаќаат, туку само ги регистрираат и именуваат додека се присутни и додека не им најдат решение.rn

6. Храбрите умови го толерираат неразбирањето

rnЗбунетоста е незапирлива болка на мозокот во развој која постојано расте. Храбрите умови никогаш не ги прават оние работи кои сметаат дека се погрешни.rn

7. Храбрите умови се и отворени и одлучни

rnСигурно ви е добро познато правилото: „Два пати мери, еднаш сечи“. Храбрите умови се отворени за дискусија и преговарање пред да донесат некаква одлука и да се посветат на неа.rn

8. Храбрите умови се скромни и самоуверени

rnХрабрите умови се свесни за нивните маани и нивните пропусти, па затоа самоуверено и активно работат на нивната способност да ги изгубат и да се ослободат од нив.rn

9. Храбрите умови го сакаат парадоксот

rnТие дозволуваат нивниот разум да маринира во комбинирањето на навидум различните поими и затоа успеваат да бидат истовремено и отворени и одлучни, како и скромни, а сепак самоуверени. Храбрите умови го гледаат светот како внатрешно поврзан систем од парадоксалности.