rn
5. Богатство во стар стол
rnЕден пар од Шкотска купил стол по цена од 6 евра, но бидејќи немале пари да го поправат, столот стоел на таванот со години. 6 години подоцна сопругот решил да го поправи. Кога го отстранил тапацирот открил накит со дијаманти. Тој не ѝ кажал на сопругата за откритието, само ѝ ги дал како подарок. Дури во 2016-та тој ја открил својата тајна. Експертите им кажале дека нивното откритие имало вредност од 5.000 евра.rn
6. Богатство во пијано
rn61-годишниот Мартин Бекхаус бил поканет во еден колеџ да го наштима пијаното кое било подарок од семејството Хемингс. Додека работел, тој открил 7 торбички со монети од викторијанската ера под клавишите. Експертите ги процениле на околу 630.000 евра. И денес не се знае кој и зошто ги сокрил парите. Мартин добил награда за откритието, но за жал семејството кое го чувало пијаното 33 години не знаело за богатството и не добило ништо.rn
7. Златна куќа
rnЕден Французин бил доволно среќен да наследи куќа во Нормандија. Тој почнал да го разгледува имотот и открил мала кутија со златни парички која била врзана за стол. Потоа нашол уште повеќе злато во кутија од виски. Подоцна открил и огромен куп златни прачки. Целото пронајдено злато вредело околу 3,5 милиони евра. Но, поради правилата во Франција, тој морал да плати данок за наследство, односно 45% од она што го нашол.rn
8. Најголемиот опал во светот
rnВо 2011 година бил пронајден најголемиот опал во Јужна Австралија. Овој камен имал 55.000 карати чист опал. Бил откриен од дизајнерот Стјуард Хјус и неговите помошници. Каменот вредел околу 1 милион евра.rn
9. Пари на таванот
rnЏош Ферин од Јута бил во неговата работилница кога забележал дека парче тепих виси од таванот. Го повлекол и открил отвор кон таванот. Внатре имало метален сад во кој се наоѓале пари. Но тоа не бил единствениот сад, тој пронашол уште 7 садови и 2 големи вреќи полни со пари. Сè на сè, имало околу 43.000 евра. Џош помислил дека правилното нешто што треба да го направи е да им се јави на претходните сопственици на работилницата. Тие биле навистина шокирани. Изјавиле дека ја наследиле куќата и дека најверојатно татко им ги сокрил парите.
Ако сакате и вие да откриете нешто, погледнете кои се најпознатите и највредните изгубени богатства кои не се пронајдени до денес.

