Имањето деца е можеби искуството што најмногу го менува животот, но многу баби и дедовци тврдат дека имањето внуци е уште подобро. Сепак, кога сте баба или дедо, овде сте за сите добри моменти, а можете да ги избегнете досадните.rnrnМожете да им купувате слатки на внуците, а кога ќе станат хиперактивни да ги вратите кај родителите. Можете да ги прегрнувате и да ги сакате, но кога ќе дојде време за менување пелени, повторно да им ги дадете на родителите. Се разбира, многу баби и дедовци постојано им помагаат на родителите со внуците, а тоа пак има одлично влијание врз нивното здравје. Во продолжение, дознајте кои се придобивките од имањето внуци.rn
1. Подобрен когнитивен перформанс
rn
rnrnИако внуците, особено помалите, можат да бидат вистински ментален напор, поминувањето време со нив може да ви го подобри когнитивниот перформанс. Според едно истражување од Националната медицинска библиотека во САД, жените во менопауза кои минувале еден ден неделно со нивните внуци, имале најдобар когнитивен перформанс за разлика од другите врснички. Доколку поминувате премногу време со внуците, тоа пак може да ја влоши вашата меморија и брзината на процесирање.rn
2. Намален ризик од Алцхајмерова болест
rn
rnrnМинувањето време со внуците не само што ќе ја зачува острината на вашиот ум, туку ќе ви го намали и ризикот од Алцхајмеровата болест. Жените кои се грижат за нивните внуци имаат помали шанси да ја развијат болеста за разлика од другите.rn
3. Намален ризик од депресија
rn
rnrnМногу баби и дедовци признаваат дека минувањето време со нивните внуци прави да се чувствуваат среќно. Врската помеѓу бабите и дедовците и нивните млади внуци има позитивно влијание и за внуците и за бабите и за дедовците. Колку е поблиска нивната врска, толку се посилни антидепресивните својства.rn
4. Зголемување на енергијата
rn
rnrnИако внуците навистина можат да ве изморат, времето што го минувате со нив може да ве направи поактивни. Децата имаат толку многу енергија која е заразна, но тоа не значи дека нема да бидете преморени веднаш штом ќе си легнат.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn
