КАФЕ ПАУЗА

Зошто треба секојдневно да консумирате калинка?

Зошто треба секојдневно да консумирате калинка?

Ако сакате да се ослободите од холестеролот и од вишокот килограми, како и да воспоставите хормонален баланс во организмот, јадете… калинка секој ден!rnrnЗошто треба секојдневно да консумирате калинка?rnrnКалинката се смета за едно од најздравите овошја поради уникатниот состав и огромниот број корисни својства за организмот. Истражувањата покажале дека сокот од калинка содржи дури 15 видови аминокиселини од кои 6, освен во калинката, ги има само во месото. Затоа калинката може да биде одлична замена за месото доколку се одлучите да се откажете од месните производи. Во продолжение прочитајте ги здравствените придобивки од секојдневното консумирање калинка.rn

1. Ја подобрува хормоналната рамнотежа

rnСемките од калинка содржат масла кои ја воспоставуваат хормоналната рамнотежа во организмот. Ова овошје е особено важно кога станува збор за женското здравје бидејќи ги ублажува болките за време на менструација, ја смирува главоболката и помага при менопауза.rn

2. Делува како природен инсулин

rnКалинката е корисно овошје особено во случаите на дијабетес. Половина лажичка сок од калинка 4 пати на ден го намалува нивото на шеќер во крвта.rn

3. Го зголемува хемоглобинот

rnНа лицата со анемија им се препорачува да пијат половина чаша разреден сок од калинка 3 пати дневно 30 минути пред оброкот.rn

4. Ја дезинфицира усната шуплина

rnКората од калинка ја ублажува болката во грлото и ја дезинфицира устата при стоматитис и фарингитис.rn

5. Го намалува крвниот притисок

rnКалинката може да го намали крвниот притисок без негативни последици врз организмот. Покрај тоа, ова овошје има и смирувачки својства. Во случај на несоница и анксиозност, се препорачува пиење чај од калинка.rn

6. Ја подобрува меморијата

rnСтудиите покажале дека консумирањето 8 мл сок од калинка во текот на четири недели значително ги подобрува индикаторите на вербалната и визуелната меморија.rn

7. Го намалува гладот

rnСамо 1 чаша сок од калинка дневно ви помага да останете сити. Според научниците, за овој ефект се одговорни полифенолите кои се содржат во сокот од калинка.rn

8. Штити од болести на кардиоваскуларниот систем

rnРедовното консумирање калинка значително го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести. Според некои истражувања, сокот од калинка штити од инфаркт и од мозочен удар.rnrnОткако прочитавте за здравствените придобивки од секојдневното консумирање калинка, можеби ќе сакате да дознаете и кои 10 видови храна се одлични за здравјето во студените месеци.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs