Понекогаш сме во дилема кои документи или сметки треба да ги чуваме и колку долго, а на крај се случува да се „гушиме“ во хартија и всушност да не ни знаеме каде се наоѓа документот можеби ни затребал. Во продолжение ви откриваме листа со оние документи кои се чуваат за цел живот, како и со оние кои си имаат рок на траење.rnrn
rn
1. Документи кои ги чуваме цел живот
rnИако е возможно да се набават заменски документи, понекогаш тоа може да биде само нервозен процес. Затоа наједноставно ставете ги на некое сигурно место. Во документите кои треба да ги чувате целиот живот спаѓаат изводот од матичната книга на родените, потврдата за смрт, сите документи кои се поврзани за евентуалното посвојување, развод за брак, здравствени резултати, полиса за животно осигурување, тестамент.rn
2. Правило за „7 години“
rnПоголемиот дел од документите кои се во врска со данокот се препорачува да се чуваат минимално три, а максимално седум години. Распределете ги по години за да си го олесните пронаоѓањето доколку тоа биде потребно.rn
3. Изводи од банка
rnПоголемиот дел од услугите во банките денес ги извршуваме онлајн. Меѓутоа банките ја чуваат вашата документација. Времето може да варира, а некои банки ги чуваат и до десет години. Кога станува збор за хартиените потврди во врска со услугите, почувајте ги година дена пред да ги фрлите.rn
4. Месечни сметки
rnАко не ви се потребни заради пријавување данок, месечните сметки можете да ги фрлите веднаш после нивното плаќање. Ако откажувате некоја услуга, потврдата дека уредно сте ги платите сите сметки почувајте ја до 5 години.rnrn
rn
5. Документите поврзани со земјиштето
rnДокументите како што се договор за купување и слично би требало да ги чувате додека го поседувате земјиштето. За поголем дел луѓе тоа е до крајот на животот.rn
6. Осигурување
rnСлободно ослободете се од сите истечени полиси за осигурување, но сочувајте ги сите потврди за плаќање на истите барем неколку години. И секако, важечките полиси ставете ги на некое сигурно место.rn
7. Гаранција
rnЧувајте ја колку што вреди. За полесно снаоѓање ставете ги сите гаранции кои ги имате на едно место и наместете ги по должината на траење.rn
8. Сметки од предмети
rnСекогаш чувајте ги сметките за поскапите работи, односно оние кои доаѓаат со гаранција.rnrnБидејќи разни документи содржат одредени податоци за вашиот идентитет, проверете кои лични податоци никогаш не треба да ги испраќате преку текстуална порака.