Кристи Кемп има 26 години и две мали деца со кои тешко пронаоѓа време кое ќе го помине насамо со својот партнер. За таа борба потполно искрено зборуваше на својата Фејсбук страница „Breastfeeding Mama Talk“ во постот во кој ќе се пронајдат многу мајки, но и татковци. Заедно со фотографија од својот сопруг и себеси под туш додека под нозете им се наоѓаат детски играчки, Кристи напиша:rnrn
rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrn„Да се биде родител значи дека твоето малечко е константно на тебе и дека константно треба да го доите… Како да пронајдеме време за нас? Обидите да издвоиме време за себе се покажаа како вистински предизвици… Живот на родителите… Вистинска борба… Вистински најдобри пријатели.rnrnНе се сеќавам кога за последен пат сме имале секс додека децата биле будни. Ние (јас) го нахранивме семејството, ги избањавме децата, им ги измивме забите, ги облековме во пижами и порано ги подготвивме за спиење. Истрчав во спалната соба и вклучив романтична музика. Ја пронајдов запалката која останала од прославата на вториот роденден на моето дете и запалив свеќи за атмосфера. Имав намера да бидам секси игнорирајќи го моето голо тело после пораѓањето. Знам дека тој го сака секој мој милиметар. Влеговме под топлиот туш кој брзо се ладеше, бидејќи моите деца ја потрошија скоро целата топла вода. Додека страсно се бакнувавме под тушот, ни се чинеше дека на секои 30 секунди го слушаме „фантомскиот“ плач на нашите деца.rnrnОбидувајќи се да останеме на нозе на мокриот под, почнавме да слушаме гласен, цивкачки звук. Почнав тивко да ја пцујам играчката во облик на делфин. Додека очајнички се обидуваме да останеме расположени за секс, ги забележавме буквите за играње под нас… Опкружени сме… Конечно и двајцата „пукнавме“ и расположението за секс исчезна. Повторно се вративме на нашиот статус најдобри пријатели и се смеевме толку гласно што едвај доаѓаме до воздух. Одлучивме да направиме луда фотографија за да запомниме дека родителството е лудо возење.rnrnНекои од вас ќе помислат „О Боже, зошто некој би објавил нешто толку интимно.“ Па, јас сум транспарентна личност и се обидувам да пронајдам хумор во родителството. Верувам дека некој кој не може вистински да ужива во своите деца и да се смее, нема да преживее да биде родител.rnrnЗатоа го посветувам овој пост на исцрпените мајки и татковци кои се обидуваат да бидат родители секоја минута од денот и истовремено се обидуваат да пронајдат време за себе. Смејте се на животот, бидејќи инаку нема да успеете!“rnrn[/message_box]
Сакав да бидам секси: Урнебесна објава на една мајка за тешкотиите да се биде интимен во брак со деца
