Автор: Ана ПетровиќrnrnПостојат многу работи кои се сѐ уште неразјаснети во поглед на процесот на спиење. Запознаени сме со фазите кои се случуваат во мозокот за време на спиењето и имаме неколку претстави зошто тоа се случува, но дури и експертите во оваа област имаат само теории за многуте аспекти на спиењето и соништата.rnrn
rnrnСпиењето долго време се сметаше за начин на преработка, сортирање и складирање на настаните во текот на денот и сè повеќе и повеќе истражувања ја поддржуваат таа идеја. „Замислете го мозокот како втор стомак,“ вели Рубин Нејман, клинички психолог, специјализиран во областа на интегративниот сон и медицината на сонувањето на Универзитетот во Аризона.rn
„Ноќе, мозокот метафорично ги голта, дигестира и преработува информациите, и исто како и стомакот, го елиминира непотребното“ – вели тој. „Зачуваните информации во мозокот стануваат дел од нас.“ Сонувањето, како што тој вели, функционира на ниво на мозочен дигестивен систем.
rnПостојат многу работи за сонувањето кои само мислиме дека ги знаеме. Ова се неколку интересни и малку познати факти и митови за соништата.rn
1. Човекот сонува цела ноќ
rnСигурно сте слушнале дека соништата се појавуваат само за време на брзото движење на очите или РЕМ спиењето. Но, ние всушност постојано сонуваме, вели Нејман. „Ние сме повеќе вклучени во сонувањето за време на РЕМ фазата, но само затоа што не го гледате сонот, не значи дека тој не постои.“ Како што ноќта трае, процесот на РЕМ спиењето се продолжува, па така поголемиот дел од нашите соништа се јавуваат во последната третина од ноќта, објаснува тој.rn
2. Инсектите и рибите немаат РЕМ фаза
rnСпоред истражувањата на Универзитетот во Калифорнија, рибите и инсектите не влегуваат во РЕМ фаза. Но, сите цицачи и рептили и некои видови птици го искусуваат РЕМ спиењето, а со тоа и најверојатно сонуваат, вели „Popular science“.rn
3. Шансите да го запомните сонот се помали доколку ве разбуди алармот
rnТраумата од алармот, која ве влече во светот на реалноста може да предизвика да заборавите на соништата и нивната содржина. Најдобриот начин да го запомните вашиот сон, според Нејман, е да си овозможите себеси да се разбудите полека, без аларм. „Не обидувајте се веднаш да ги запаметите оние минливи слики, ако го бркате сонот, тој ќе ви побегне“ – вели тој.rn
4. Луѓето кои ги паметат своите соништа покажуваат различни мозочни активности
rnЕдна студија направена на почетокот на 2014 година покажа зголемена спонтана активност во дел од мозокот кај луѓето кои редовно ги паметат своите соништа, споредбено со луѓето на кои ова ретко им се случува. Претходни истражувања откриваат дека луѓето кои паметат повеќе соништа многу повеќе реагираат на звуци додека спијат, за разлика од луѓето кои не паметат што сонувале минатата ноќ.rn
5. Вашето тело реагира на сонот како да сте будни
rnМожеби звучи малку чудно да се разбудите лути на некого само затоа што истата личност ви предизвикала непријатни чувства во сонот. Но, биолошки тоа има смисла, бидејќи истите чувства траат и по отворањето на очите, вели Рубин. „Искуството кое го доживуваме во сонот се регистрира во телото и во мозокот на сосема ист начин доколку би биле будни.“ Вашиот крвен притисок и пулсот на срцето може да се зголеми исто како да го доживувате ова стресно сценарио и во реалниот живот.rn
6. Кошмарите не се секогаш поврзани со страв
rnВо една позната американска студија, истражувачите, анализирајќи ги соништата на 331 лице, дошле до заклучок дека многу кошмари и лоши соништа се поврзани со чувство на неуспех, грижа, тага и вина. Исто така е познат фактот дека мажите се повеќе склони да имаат кошмари поврзани со насилство и физичка агресија, додека жените сонуваат конфликти и расправии.rn
7. Вашите соништа не се чудни, сè додека не ги етикетирате како такви
rn rn
„Кога сонувате, без разлика колку и да е чуден сонот – седите на покер маса во друштво на огромна зелена верверичка и кралицата Марија I – не е чудно“ – вели Нејман.
rnТоа чувство го добивате откако ќе се разбудите и ќе влезете во реалниот свет. Споредувајќи го поимот „чудно“ во соништата и во реалниот живот е како споредување на начинот на исхрана кај две сосема различни култури – едната изгледа чудна во поглед на другата. „Треба да се воздржиме од преголемо толкување на соништата,“ вели тој, што значи дека треба да се ослободите од оние непотребни соновници низ вашиот дом.rn
8. Можете да умрете на сон и да преживеете за да го раскажете
rnМногу луѓе веруваат дека умирањето на сон значи смрт, но Нејман вели дека нема вистина во тоа. Всушност тој нѐ охрабрува да го искусиме тоа. Според него, многу луѓе изјавиле дека смртта во соништата е анти-климатска. Имено, тоа е затоа што според многумина, свеста е бесмртна, независна од телото, но како и да гледате на тоа, сепак е интересно искуство.