8 интересни факти за лековите што денес звучат навистина чудно

Сподели

Дури и древните филозофи тврделе дека некои лекови се поопасни од самите болести. Но грешките, смешните ситуации и интересните несреќи се неизбежни кога станува збор за нови изуми. Овие неверојатни факти за лековите сигурно ќе ви звучат навистина чудно денес.rn

Реклама

1. Вазелин за чистење и како лаксатив

rnВазелинот бил измислен од Роберт Августус Чесеброу. Примарната употреба била како лаксатив и за чистење. Подоцна Роберт заклучил дека вазелинот се справува добро со разни болести и препорачувал да се консумира 1 лажица вазелин секое утро. Хемичарот го следел својот совет и живеел 96 години.rn

2. Егземата и ќелавењето се третирале со кечап

rnОд 1820-та до 1930-та година во САД кечапот се продавал како лек за ќелавење, егзема и болки во стомакот. Всушност, ликопенот во доматите е корисен за здравјето, а нивото на овој пигмент во кечапот е повисоко од доматите. Денес кечапот не се користи како лек и во секоја аптека се продава ликопен.rn

Реклама

3. Обекалп како лек за деца

rnАко децата имале мачнина, лекарите им препишувале Обекалп. Активната состојка е шеќер, а неговиот необичен ефект е скриен во самото име – на англиски зборот „obecalp“ е всушност „placebo“ (плацебо) напишано обратно. Овој лек бил измислен од австралискиот лекар Михаел Акстенс. На почетокот се користел за „лекување“ на псведоболните луѓе во Калифорнија.rn

4. И Русија имала плацебо лек

rnВо минатото, капките Барон Вревски се користеле како лек за анксиозност. Изумителите тврделе дека станувало збор за плацебо. Подоцна лекарите ги проучиле капките и откриле дека во нив има само вода од реката Нева.rn

5. Лекот што се наоѓа само во поранешните советски држави

rnБрилијантно зелена, или зеленка, се користи како лек само во поранешните советски држави. Со него се третираат осекотини и гребаници поради антисептичките својства.rn

Реклама

6. Кока-кола и Доктор Пепер како лекови

rnФармацевтот Џон Пембертон се борел во Граѓанската војна и на крајот на војната сакал да создаде нешто што ќе му помогне да ја излечи анксиозноста. Фонтаните за газирани пијалаци во аптеките станале популарни, па тој измислил свој пијалак. Оваа мешавина станала толку популарна како лек, а денес ни е позната како Кока-кола.

Чарлс Алдертон го измислил пијалакот Доктор Пепер во 1885-та година. Му се допаѓал мирисот на мешавина од овошни сирупи во аптеките, па ова го инспирирало да го создаде пијалакот.rn

7. Смешни несакани ефекти од лековите

    rn 011

  • Еден маж ја судел фармацевтската компанија GlaxoSmithKline тврдејќи дека лекот што го користел за неговата Паркинсонова болест го претворил во зависник од коцкање.
  • rn 011

  • Мелфоквин, лекот што се користи за маларија, може да предизвика халуцинации, па дури и желба за самоубиство.
  • rn 011

  • Лекот золпидем може да предизвика возење во текот на сонот и други чудни однесувања.
  • rn 011

  • Луѓето што користат кломипрамин можат да доживеат оргазам додека зеваат.
  • rn

rn

8. Пилули за контрацепција

rnВо раните 1930-ти австрискиот лекар Лудвиг Хаберлант ја предложил хормонската контрацепција. Главниот извор на хормони биле животните. Подоцна научниците почнале да го произведуваат хормонот прогестерон вештачки. Во минатото една пилула содржела хормони колку цело модерно пакување. Ова сигурно предизвикувало голем стрес врз ендокриниот систем на жените.

Погледнете и кои народни лекови не би требало да ги пробувате.

Најново

Може ќе ве интересира